ПОГЛАВЈЕ 4

МЕТОДОЛОГИИ ЗА УСПЕШНИ СНС АКТИВНОСТИ

  1. РАЗМЕНИ!
ЦЕЛ Главната цел на оваа активност е да се понуди на членовите на семејството можност да искусат и разменат различни улоги
КОРИСТ

За деца: им се нуди шанса да искусат авторитет и да ја изградат својата самодоверба

За родители/старатели: им се нуди можност да ја искусат улогата на детето со губење на нивниот авторитет

МАТЕРИЈАЛИ/

ОПРЕМА

Спортска опрема

Простор кој одговара за спортски активности

КАКО ДА ГО НАПРАВИШ
    1. БИДИ ТРЕНЕР

    Искористете ја сесијата за да им понудите на двете целни групи можност да тренираат едни со други во одредени спортски активности. Замолете ги да ја играат улогата, дајте им соодветна опрема за тренирање (свирчиња, графикони и пенкала, итн.) и дајте им малку време да се соживеат со улогата. „Тренерите“ треба да одржат кратка тренинг сесија (загревање, вежбање, истегнување, анализа по натпреварот) и „спортистите“ треба да ги следат упатствата. Подбуцнете ги со тоа што ќе побарате од „спортистите“ да ги имитираат сите реакции на спортистите и да дозволат забава и шега. Погрижете се да ги сменат улогите по некое време.

    2. СВИРНИ СО СВИРЧЕТО

    Замолете ги двете целни групи да ја играат улогата на судија по ред. Обезбедете им опрема (судиска маица, свирче) и започнете мини игра која ќе трае неколку минути. Замолете неколку членови да ја играат улогата на гледачи и да имитираат ситуации од реалниот живот. Погрижете се да ги сменат улогите по некое време.

    ДЕБРИФИНГ

    Како се чувствуваа додека ги менуваа улогите?

    Во која улога најмногу уживаа? Зошто?

    Дали имаше некоја непријатна ситуација?

    Дали изгледаше реално?

    Како беше да се биде тренер/судија/навивач на член на семејството?