ВОВЕД

Зошто да влезете во СНС светот?

Кога го читате токму овој Прирачник, речиси е сигурно дека припаѓате на спортски клуб кој веќе ги препознава придобивките од вклучувањето спортски активности насочени кон семејството во нивниот стратешки план, но мало потсетување никогаш не би наштетило – дали? 🙂

Предностите во влегувањето во СНС светот се многубројни за секој спортски клуб доволно отворен да го истражува овој свет. Меѓутоа, доколку ги набројуваме, најважното од нив би било:

  • Зголемување на популарност кон целните групи и станување поатрактивни и поинтригантни.
  • Надминување на конкуренцијата со други спортски клубови, бидејќи отвора сосема нов свет за нивните целни групи што е интересно да се истражува.
  • Докажување дека СНС клубот обезбедува висококвалитетни услуги кои се разликуваат од конвенционалното толкување на спортот.
  • Нудење високо реноме и признание кај пошироката јавност, бидејќи овие активности може да бидат прашање за кое треба да се разговара.
  • Да станеме место за идните членови на клубот од различни возрасни групи и да се зголемиме опсегот на активности на клубот, како и финансискиот бенефит што таквата отвореност може да ја понуди.
  • Привлекување на вниманието на релевантните засегнати страни да соработуваат и – зошто да не – инвестираат во клуб кој несомнено носи широко социјално влијание во заедницата преку иницијативи за СНС.

Прилично сме сигурни дека овој краток преглед на само неколку од бројните придобивки што можете да ги добиете од примената на СНС во вашите спортски клубови се повеќе од доволни за да го покажете ваишиот интерес. Меѓутоа, ако сè уште имате некои резерви и не се чувствувате сигурни зошто и како треба да влезете во светот на СНС, би ве советувале да го погледнете нашиот прирачник „ВОВЕДУВАЊЕ НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ НАСОЧЕНИ КОН СЕМЕЈСТВОТО ВО ВАШИОТ СПОРТ КЛУБ“ и да најдете одговорите!