Поглавје 1

D. Правење на СНС – колку може да биде тешко?

Па можеби изгледа како премногу сили за еден спортски клуб да направи огромни промени и да се претвори во СНС клуб? Опуштете се! Овој водич е тука за да ги анализира сите аспекти на СНС и да ги води спортските клубови чекор по чекор во примената на СНС во нивните програми!

За почеток, да дефинираме што точно е потребно да направи еден спортски клуб насочен кон семејството. Одговорот е лесен и не многу комплициран: треба да обезбеди можности за семејствата да тренираат заедно и да уживаат во забава, едукација и да се поврзат преку спортските активности!

За почеток, не треба да претерувате, ниту пак е задолжително да се направат огромни промени во функционирањето, инфраструктурата и годишното планирање на вашиот клуб. Малку по малку! Ако сте почетник, овој водич е најдобрата алатка која може да ја искористите во вашата СНС трансформација! Всушност, можете да започнете со вклучување на некои повремени семејни активности во вашиот годишен план кои содржат активности кои ги вклучуваат младите спортисти со нивните родители (пр. игри помеѓу тимови на децата против нивните родители) или едукативни семејни денови (пр. родителите и децата да бидат обучувани на правилата на вашиот спорт) итн.

Неколку конкретни примери на такви активности може да најдете на крајот на овој водич, кој, се разбира, може да го прилагодите според потребите на вашиот спортски клуб!

Во секој случај, градењето на семејно пријателскиот профил на вашиот спортски клуб бара сеопфатен пристап и ги вклучува следниве важни аспекти кои се клучни во ваков пресврт:

  • да се обезбеди активното учество на родителите/старателите во практикувањето на спортските активности заедно со нивните деца, кое треба да биде редовно, конзистентно и долгорочно. Ова бара активностите на СНС да бидат добро испланирани однапред и точно наменети, на ист начин како што би го планирале развојот на детето во процесот.
  • да се поканат родителите/старателите да бидат активно вклучени не само во спроведувањето на овие активности, но и во општото планирање на програмата на работата на клубот и неговиот стратешки развој, со цел да се осигура дека како важни актери на СНС, нивните потреби и погледи се слушнати и интегрирани во функционирањето на клубот.

Како и да е, многу е важно да се има ова во предвид: кога ќе решите да го трансформирате вашиот клуб како СНС клуб, треба да го изградите тимскиот дух во вашите целни групи. Тоа не сте само вие (вработени, тренери, претставници итн.) и вашите млади спортисти веќе… Вашиот тим се зголемува и родителите/старателите треба да се сметаат за дел од него! Целото семејство се вашиот тим и родителите/старателите и младите спортисти се членови на вашиот тим! Бидете првите да го прифатите тоа и да им помогнете на вашите членови да го разберат тоа и да им го изградите тимскиот дух!

Во никој случај не треба овој преглед да ве исплаши! Претерувањето не е нашата работа овде, се сеќавате? Да – конзистентност, редовност и долгорочноста дефинитивно ни треба! Ова не значи дека збориме за секојдневна работа! Неколку пати неделно или месечно би требало да е доволно, се додека се случуваат секоја недела во месецот! 😊

Сега, ајде да видиме кои предизвици треба да ги надминеме и како можеме да ги изградиме нашите капацитети за да станеме СНС клуб!