Поглавје 3

1. Внатрешна комуникација:како да се справите и да управувате со вашиот тим

Ако некој би се обидел да ја дефинира фразата “внатрешна комуникација” тоа би било “процесот преку кој се разменуваат информации во група луѓе кои работат тимски кон заедничка цел преку заеднички систем на симболи, знаци и однесувања. Сепак, особено знаејќи дека се вклучени различни луѓе, особено од различни возрасни групи, со различни улоги и позиции, оваа размена на информации во СНС не секогаш може да биде ефективна и можат да се појават неколку предизвици. Во овој случај, погрешна комуникација може да доведе до:

  • членовите на тимот да прават претпоставки и да создадат очекувања врз основа на грешни или погрешно протолкувани информации;
  • до создавање на затворени кругови кои би исклучиле и изоставиле некои членови на тимот;
  • до конфликти помеѓу членови на тимот и да создадат средина со несигурност и нестабилност.
Прво и основно, треба да ја препознаеме специфичноста на СНС за да можеме да го одбереме вистинскиот комуникациски пристап кон учесниците. СНС обезбедува неформална или информална средина за учесниците, со помалку формалности и е заснована на градење лични односи и блиска интеракција помеѓу членовите на тимот и тимските лидери.
Во таа смисла, комуникацискиот пристап може да биде поефективен ако има личен стил кој овозможува емотивна и лична врска и вклучува не само вербална артикулација, туку и невербална комуникација. На овој начин, заедно со чувство на доверба во тимот, лесно може да доведе до дипломатска и ефективна внатрешна комуникација.
Но како можеме да обезбедиме ефикасна комуникација во тимот на СНС? Еве неколку корисни совети кои можат да ви помогнат:

(a) Идентификувајте и решете ги конфликтите рано

Иако звучи сосема логично и донекаде само објаснувачко, разбирање дека ПОСТОИ проблем е почетокот на решавање на било каква незгодна ситуација. Некои проблеми можат да започнат од прости недоразбирања, но ако не се дефинирани и решени рано, можат да станат вистински проблеми со неочекувани последици. Во други зборови, не само тимскиот лидер, туку и самите членови на тимот треба да препознаат проблеми најрано што е можно и да ги решат пред да станат посериозни и да им влијаат на другите членови на тимот, или дури целиот тим.

(b) Дефинирајте ги улогите и одговорностите

Како и со било која друга група, вашиот СНС тим е составен од луѓе со различни личности и однесувања. СНС е покомплицирано бидејќи не се само различните возрасни групи кои треба да прават компромиси и да соработуваат, но и тесните лични односи помеѓу членовите на тимот (родителите/старателите и нивните деца), што лесно може да доведе до непосакувани интеракции помеѓу нив поради лабави граници. И кој треба да биде маестрото на оваа мешана и разновидна група? Епа.. тоа сте вие! Веднаш од почетокот треба да ја почуствувате и да ја евалуирате тимската динамика и да се осигурате дека двете групи (возрасни и деца) разбираат дека тоа се ваши правила иваши одлуки и дека треба да ги почитуваат бидејќи вашата улога е да бидете лидер на оваа група, сите други нивни улоги треба да останат надвор од спортсиот терен. Осигурајте се дека ги разбираат нивните права и одговорности и дека треба да дојдат кај вас за било каков проблем и дека не треба сами да ги решаваат поради нивната семејна врска.

(c) Покажете самодоверба и сериозност

За да го постигнеме претходниот чекор, важно е да се претставите како водечка личност во тимот. Важно е да ја дефинирате вашата улога и сите да ја разберат и прифатат. Се разбира, не е само она што го говорите, туку и начинот на кој го кажувате. Подобрете ги вашите презентациски вештини и зборете со јасен и цврст глас, оддржувајте контакт со очите и внимателно слушајте на тоа што сака да ви го каже вашиот тим. Но најпрво, бидете подготвени да им одговорите на прашањата, да ги водите низ СНС процесот и да се чувствувате самоуверено во вашата улога во тимот. Не треба само да бидете лидер, но и да личете на еден!

(d) Создадете безбедна, отворена и инклузивна средина

Важно е за секој тим да чувствува дека комуницира во сигурна околина која им дозволува отворено да се изразат, да ги искажат нивните проблеми и да бидат ислушани. Градење на доверба и почит е од најголема важност, бидејќи членовите би биле поангажирани и би уживале во процесот на СНС. Имајќи во предвид дека СНС е се освен формален начин на учење и интеракција, пробајте активно да ги вклучите вашите членови во различни процеси, слушајте им ги потребите и дозволете им да се изразат без страв од осудување или критики. На овој начин ќе ја заштитите инклузивноста и почитта во тимот и било каква комуникација ќе биде многу полесна и поефективна.

(e) Поттикнувајте повратна информација

Слушајте, слушајте, СЛУШАЈТЕ! Слушањето на она што имаат да го кажат вашите учесници за работата и функционирањето е важно од различни причини. За почеток, уверувањето дека нивните мислења се важни ги прави поангажрани, давајќи им чувство на ценетост и создава чувство на доверба и припадност. Исто така, вашиот тим се чувствува ценето и нивното мислење е важно, па затоа тие ви возвраќаат со потребната почит и внимание кога е потребно. Но над се, тоа е единствениот начин на кој сите проблеми или недостатоци ќе стигнат до вашите уши, дури и кога ненамерно сте пропуштиле некои детали по пат. Повратната информација е најдиректниот начин да добиете перспектива „на теренот“ за она штонавистинасе случува и ќе ви помогне да ја подобрите вашата работа и да направите потребни промени.

(f) Признајте го напорот

Едноставно „добра сработено“, „одлична работа“, „честитки“, потапкување по грбот, „да пукне“ или било каков внатрешен знак или гест е важно за да го увери вашиот тим дека нивните напори се препознаени и ценети. Овој едноставен советќе ги направи вашиот тим да се чувствува ценето и ќе ги поттикне да останат фокусирани и вклучени во вашиот СНС процес, но и ќе го зајакне тимскиот дух и нивното лично задоволство.

(g) Преиспитајте и направете промени

Дури и да го изберете најсоодветниот комуникациски стил за вашиот тим и да изгледа ефикасно на почетокот, работите се менуваат по патот. Најдоброто решение за да се избегнат непријатни последици од таквата промена е никогаш да не се потпирате на оваа идеа! Преиспитајте го вашиот стил, размислете за сѐ што се случува и повикајте го вашиот тим да учествува во овој процес. На крајот на денот, ова не е различно од било која анализа после натпревар, и сигурно ОВА може да го правите совршено добро! 🙂