“Спорт насочен кон семејството” тренинг за членовите на клубовите во Белград

by | Јан 16, 2024 | Uncategorized | 0 comments

Оваа недела во Белград се одржа обука на персоналот од клубовите да станат организатори на насатани со семеен спортски пристап во рамките на проектот „Спорт насочен кон семејството“. За време на обуката, учесниците научија како да организираат семеен спортски настан во нивните клубови, да обезбедат учење преку спорт за родителите/старателите и децата, да ги подготват родителите/стрателите за семејните денови и да добијат увид како да ги едуцираат другите тренери да се вклучат во спроведувањето на семејниот ден.

Обуката, исто така, послужи како можност за зајакнување на персоналот на спортските клубови да станат промотори и мултипликатори на иновативни едукативни модели за клубовите да станат пријателски настроени кон семејството. На овој начин, ја формиравме основата на системот за поддршка на нашиот спортски екосистем кој е пријател на семејството, што во голема мера ќе придонесе за успехот на проектот.

Проектот „Спорт насочен кон семејството“ е кофинансиран од Европската Унија и имплементиран од 7 организации и спортски клубови со цел да се создаде одржлив екосистем за развој на спорт насочен кон семејството, насочен кон подобрување на здравјето на децата и социјална инклузија.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *