За нас
Дознајте повеќе за проектот!
Цел на проектот
Оваа платформа е развиена во рамките на проектот поддржан од ЕУ “ Спорт насочен кон семејството„ кој има за цел да создаде одржлив екосистем за развој и раст на спортови насочени кон семејството, со фокус на подобрување на здравјето на децата и нивна социјална вклученост/инклузија.
СНС поврзува генерации
Една од целите на проектот е да овозможи креирање активности и методологии засновани на спорт, кои ќе обезбедат интергенерациски дијалог меѓу членовите на семејството и нивно активно учество во спортот.
СНС промовира активен и здрав начин на живот
Спортот игра една од клучните улоги во правилниот развој на децата, но и во одржувањето на менталното и физичкото здравје на возрасните.
СНС ги развива капацитети на спортските клубови
Нашите иновативни СНС прирачник и СНС Амблем се дизајнирани да им овозможат на спортските клубови да воведат спортски пристап насочен кон семејството во нивната секојдневна работа и да ги направат своите активности да бидат повеќе вклучувачки за сите, попривлечни, и инклузивни.


Важноста на СНС
Спорт насочен кон семејството е клучен за обезбедување на правилен физички и ментален развој на децата бидејќи помага да се изградат нивните вештини за комуникација, тимска работа и решавање на проблеми. Спортот исто така игра важна општествена улога, особено во семејната средина, обезбедувајќи размена на знаење, меѓугенерациски дијалог и зајакнување на врските меѓу членовите на семејството.
Придобивки од СНС
Учеството во спортски активности кои се насочени кон семејството има бројни краткорочни и долгорочни придобивки како за децата така и за нивните родители што ги обезбедува ангажирањето во семејни спортови.
Флексибилност
СНС активностите се креирани на начин да бидат лесно изводливи во однос на времето, локацијата и местото на одржување.
Инсклузивност
СНС активностите можат да обезбедат учество на сите заинтересирани луѓе, без разлика на нивото на нивната физичка подготвеност.
Соработка
СНС поттикнува соработка и заедничко решавање проблеми меѓу членовите на семејството.
Тимски дух
СНС негува чувство на здрава конкуренција и тимска работа во постигнување на поставените цели.
Емоционална зрелост
СНС ги учи децата како да ги контролираат и изразуваат своите емоции на здрав начин.
Активен начин на живот
Редовното вклучување во спортски активности води до намалување на стресот и подобрување на физичката и менталната благосостојба
Meet the project consortium
The project Family-Friendly Sport is implemented by an international consortium of clubs and organizations from Serbia, North Macedonia, Greece, Belgium and Spain.







