Поглавје 2

ПОДГОТВИ ГО ТВОЈОТ ИДЕН СНС…ДЕНЕС!

Како и во сè што се обидуваме да постигнеме во животот, првиот чекор кон успехот е добрата подготовка. Пред да одлучите да вклучите родители/старатели во вашите спортски активности и да им дозволите да комуницираат со своите деца во рамките на вашата СНС иницијатива, важно е да бидете добро подготвени и организирани. Иако ова не се разликува многу од кој било друг процес на подготовка, кога зборуваме за СНС, работите се донекаде чувствителни и деликатни. Сепак, не грижете се! Тука сме да ве поддржиме со неколку совети:

  • Дефинирај ги целите & разбери ги – Важно е за вас – пред кој било друг – да сфатите зошто навистина се случува оваа СНС активност. Не се работи за победа. Не се работи за поен. Всушност, тоа нема никаква врска со самата игра! Станува збор за споделување, семејно поврзување, забава, едукација, учење, растење, комуникација, соработка, лекување, развој. Дефинирај го, реализирај го, разбер го. Верувајте во тоа! Поддржете го! И само тогаш сте подготвени да го споделите со вашиот тим СНС и да го однесете во ова неверојатно искуство со СНС!
  • Истражи ги предизвиците – Секогаш е подобро да знаете што да очекувате и да бидете подготвени однапред! Пред да почнете со ова патување, одвојте една минута за да размислите за предизвиците со кои би можеле да се соочите на патот: од наоѓање на вашите учесници до справување со неочекувани ситуации на лице место, направете листа на сите предизвици со кои може да се соочите и подгответе добар план за ефективно справување со нив!
  • Дефинирај ја твојата целна група – целните групи на вашата СНС активност се дефинитивно разновидни и може да бидат доста напорни. Погрижете се да ги разберете спецификите на секоја група (децата и нивните родители/старатели), како и незгодните точки на нивната меѓусебна интеракција. Изградете го нивниот профил и запознајте ги дури и пред да ги запознаете лично!
  • Изгради ја структурата – Нема ништо покорисно од конкретен и добро дизајниран план. Затоа, од клучно значење е да дизајнирате конкретен и детален план за вашата активност, структура чекор по чекор и да се погрижите сите вклучени во неа точно да знаат што да прават. Ова ќе ви помогне да избегнете какви било погрешни чекори и незгоди во процесот!
  • Подготви се за менаџирање со конфликти – Напнатоста е секогаш можност, особено на спортски терен, кога членовите на вашата екипа се мешана група од…роднини и членови на семејството! Блиските односи може да доведат до надминување на границите, а фрустрацијата може да се крие зад аголот. Затоа…подобро бидете подготвени за тоа и имајте итен план за да ја ослободите тензијата и да го вратите мирот и рамнотежата!

Сега кога ги земавте во предвид сите важни аспекти од вашата подготвителна фаза и знаете што точно да очекувате, речиси сте подготвени за успешна СНС активност! Координирајте го вашиот настан и ајде да го реализираме!