ПОГЛАВЈЕ 1
ДЕЦА & РОДИТЕЛИ/СТАРАТЕЛИ – МОЖЕ ДА БИДЕ КОМПЛИЦИРАНО!
Нема смисла да се криеме … Ајде да се соочиме со тоа! Влегувањето во каква било ситуација заедно со членовите на семејството, може да донесе некои проблеми кои може да биде тешко да се избегнат – особено поради лабавите граници што ја следат семејната врска. И ова е нормално! Сепак, секогаш постои ризик оваа блиска врска да го загрози целиот напор и во некои случаи буквално да го саботира успешното спроведување на СНС активноста. Значи, кои се најчестите предизвици што може да ги донесе оваа семејна врска?
нездрав натпревар – да, меѓу членовите на семејството постои взаемна почит и љубов. Да, никој не сака да им наштети на другите, ниту пак првично влегува во СНС активноста со мисла да командува наоколу и да го наметне своето мислење. Но, што се случува кога родителите/старателите се соочуваат со предизвикот да соработуваат со своите деца (или децата на другите) во средина кога двете страни се третираат како еднакви? Дали се способни да бидат различни од својата редовна авторитетна фигура, да се спуштат на ниво на децата, да го признаат јазот во физичката и менталната зрелост и да им дадат простор на своите деца да напредуваат и да ја искусат активноста без да ги засенат?
СПРАВЕТЕ СЕ СО ТОА!– Секогаш постои барем едно решение за секој проблем. И оваа ситуација не е исклучок – само треба да се подготвите однапред! Добра практика за да можете да ги спуштите родителите/старателите на земјата и да им помогнете да го надминат нивниот натпреварувачки однос кон децата е едноставно…да побарате од нив да ги сменат улогите! Искористете ја оваа можност во рамките на спортската активност за да им овозможите на децата да станат лидери, а родителите/старателите да станат следбеници барем еднаш!
Огромен притисок – Вистина е дека членовите на семејството понекогаш премногу ги притискаат своите деца за да се претстават добро, да соборуваат нивните рекорди, да победуваат, да успеат во сè. Се разбира, ова доаѓа од љубовта и силната желба нивните деца да се подобруваат и напредуваат. Но, како функционира ова кога целото семејство е вклучено во истата СНС активност? И до кој степен родителот/старателот може да оди, бидејќи со вклучување на возрасните во овој мешан тим, нивото на притисок се зголемува? Па, токму сега, ризикот да не се успее е навистина голем: старателите се разочаруваат, а децата губат интерес и ја намалуваат својата самодоверба. Почекај минута! Каде отиде позитивната страна на СНС?
СПРАВЕТЕ СЕ СО ТОА!– Решението и во овој случај не е толку тешко! Погрижете се однапред да поставите одредени ограничувања, на начин што на двете целни групи им е јасно дека вие сте единствената авторитетна фигура за време на СНС активноста,тренерот е единствената личност на која му е дозволено да поставува задачи. Дефинирајте ја тешкотијата на тие задачи, побарајте мислење од членовите на вашиот тим, советувајте ги или насочувајте ги додека играат и давајте упатства на сите. Поставувањето конкретни очекувања однапред, дискутирањето за нив со вашиот тим и појаснувањето дека победата не е главната цел на СНС активностите, секогаш е корисен чин што помага да се избегнат непријатни ситуации.
исклучувањето е реална закана – Кој може да се сомнева дека годините носат ментална зрелост, подигнати капацитети и повеќе вештини? Логично никој. И ова интуитивно чувство може да биде доста ризично ако не се земе во предвид. Да претпоставиме дека има една СНС активност со повеќе помали задачи. Се очекува дека возрасниот член на тимот ќе биде побрз, поефикасен и генерално поспособен да ја заврши успешно во споредба со мало дете, кое веројатно ќе треба да вложи повеќе труд, да користи повеќе време и можеби повеќекратни обиди за да успее. Па, ако го ставиме ова во конкурентна средина како што е обично спортот, ова може да ги наведе возрасните да ги преземат поголемиот дел од задачите на СНС активноста, во обид да ја добијат играта. И резултатот? Децата може да бидат исклучени од активноста како послаби членови на мешаниот тим, а меурот СНС да се распадне на парчиња..
СПРАВЕТЕ СЕ СО ТОА! – Една работа е од најголема важност овде: секогаш имајте на ум дека имате две сосема различни целни групи со кои треба да се справите во исто време. Ова не ви дозволува да развивате активности со исто ниво на тежина за двете групи, туку активности кои се приспособени на потребите, капацитетите и зрелоста на секоја возрасна група посебно. Со други зборови, погрижете се некои задачи да бидат полесни и други понапорни, така што и двете целни групи имаат можност да уживаат во активноста и подеднакво да иваат во нејзините придобивки.
Семејна тензија – Запомнете како луѓето секогаш велат дека е неправедно да се внесе стресот поврзан со работата во личниот живот? Па, во нашиот случај, можеби ќе го имаме токму спротивниот феномен. Да претпоставиме дека има тензија меѓу членовите на семејството што доаѓа од некаква расправија што се случила дома. И додека тие ќе се вклучат во СНС активноста, тензијата сè уште е таму – фрустрација, лутина, можеби малкусолзи и лошо расположение. Кој може да им помогнете на членовите на вашиот тим да ја надминат оваа ситуација и да се чувствуваат способни да уживаат во нивниот СНС момент?
СПРАВЕТЕ СЕ СО ТОА!– Опуштете се, ова може да се случи во секоја врска, ок е! Всушност, тоа е вашата можност да понудите вистинска разрешница на оваа напнатост и да послужите како катализатор за ослободување од напнатоста и лошите емоции! Искористете ја вашата улога како одговорен (тренер, фасилитатор), фокусирајте ја нивната концентрација на сегашниот момент и „натерајте ги“ да соработуваат во рамките на некоја активност што ги доближува до заедничка кауза: победата е најслатка работа и ниту едно недоразбирање не може да ја засени! Дури и ако семејниот конфликт има подлабоки корени, е долгорочен и не е моментален, интеракцијата во неутрална средина и ангажирањето во забавни задачи може да биде повеќе од корисно. Тоа им овозможува на членовите на семејството да се одалечат од проблематичното прашање, да се запознаат меѓусебно на различно ниво, да соработуваат и да ги видат меѓусебните вештини и капацитети и постепено да го менуваат својот начин на размислување. Нешто како…терапија! 🙂
Сето ова е нормално и до одреден степен очекувано. Сè додека внимавате и набљудувате што се случува во вашиот мешан тим, ништо не може да ве спречи да ја постигнете вашата цел кон успешна СНС активност! Но, што ако нешто што не е вообичаено ви ја комплицира работата?