ВОВЕД

Што нуди овој Прирачник?

Па…овој Прирачник е развиен да се постигне една важна конечна цел: да се создаде одржлив еко-систем за развој и раст на спортот пријателски насочен кон семејството, чија цел е подобрување на здравјето на децата и социјалната вклученост. Се разбира, оваа мисија изгледа – и буквално е – доста напорна!

Во тој контекст, овој Прирач ќе ги поддржи клубовите кои веќе работат со деца за да ги вклучат родителите/старателите на тие деца во нивните активности, на редовна основа – барем еднаш месечно, со намера да се зголеми оваа фреквенција што е можно повеќе. Во пракса, овие СНС активности се направени според стандарди и методологии кои ги осигуруваат образовните цели на активноста, ја елиминираат негативната и нездрава конкуренција, градат партнерства родител/старател-тренер-дете и секако ги промовираат позитивните вредности на спортот.

За ова да се постигне, овој Прирачник, како дел од спортскиот екосистем кој е пријател насочен кон семејството, ќе се обиде да им понуди на спортските клубови насоки како да се справат со оваа мешана група на луѓе (деца и нивните родители/старатели), фокусирајќи се на привлекување, ангажирање и подготвка за ова ново и ветувачко искуство!

Нашата конечна цел? Да се обезбеди непречена соработка и интеракција помеѓу двете вклучени возрасни групи и да се постигнат максималните можни придобивки за секого!