СТАРТ НА ПРОЕКТОТ “СПОРТ НАСОЧЕН КОН СЕМЕЈСТВОТО”

by | Јан 16, 2024 | Uncategorized | 0 comments

Проектот „СНС – Спорт насочен кон семсјството“ е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија и обединува 7 различни организации и спортски клубови од 5 земји од Европа за да се постигне целта за создавање одржлив екосистем за развој и раст на семеен спорт насочен кон подобрување на здравјето на децата и социјална инклузија.

Проектот СНС вклучува бројни активности, е комбинација од директно и онлајн учење и се однесува на сите релевантни целни групи: деца, млади луѓе, семејства, спортски клубови и спортски организации, како и засегнати страни кои до одреден степен се вклучени на спортското поле – вклучувајќи здруженија на родители/старатели, спортски федерации, локални власти, спонзори и донатори, училишта, граѓански организации, медиуми и многу други.

Почетниот состанок ги собра претставниците на секој член на Конзорциумот – ЗГ МовеИт и атлетскиот клуб AEET (Грција), ЗГ Бакслаш (Шпанија), ЗГ Либеро и кошаркарскиот клуб Церак (Србија), CONNECT Интернационал (Белгија) и ЗГ Интеркултура и карате клуб Металург (С. Македонија). Состанокот им овозможи на членовите на Конзорциумот да ги финализираат целите на проектот, да ја дефинираат структурата на истражувањето како прва фаза од проектот и се договорија за распределбата на задачите и деталите за координација.

Останете во тек и следете ги нашите претстојни активности во рамките на проектот!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *