ПОГЛАВЈЕ 4
МЕТОДОЛОГИИ ЗА УСПЕШНИ СНС АКТИВНОСТИ
|
|
ЦЕЛ | Главната цел на оваа активност е да се изградат силни односи меѓу членовите на семејството и да се поттикне взаемна поддршка |
КОРИСТ |
За децата: им се нуди простор слободно да се изразат, да се отворат и да ги споделат своите желби и соништа, развивајќи чувство на доверба кон нивните родители/старатели. За родителите/старателите: им се нуди можност да ги разберат внатрешните мисли и желби на нивните деца и подобро да ги запознаат како поединци. |
МАТЕРИЈАЛИ/ ОПРЕМА |
Проектор или други алатки за презентација Спортска опрема од различни спортови (различни спортски топки, опрема за гимнастика, рекети итн.) |
КАКО ДА ГО НАПРАВИШ |
Соберете ги целните групи заедно Покажете им неколку примери на рекорди и достигнувања на спортисти Побарајте од нив да изберат едно парче опрема за да наведат на кој пример се однесува Замолете ги да објаснат зошто го направиле тој избор Поделете ги во семејни парови Дајте им малку време за заеднички да подготват некој „неверојатен“ трик поврзан со оваа опрема што би ги направил познати како пар. Замолете ги да го претстават пред групата |
ДЕБРИФИНГ |
Како се чувствуваа работејќи со член од своето семејство? Што беше најпозитивното од ова искуство? Што беше најпредизвикувачко? Што би промениле и зошто? Споделете еден збор што сте го слушнале од членот на вашето семејство и ве натера да се чувствувате мотивирано |