ПОГЛАВЈЕ 4

МЕТОДОЛОГИИ ЗА УСПЕШНИ СНС АКТИВНОСТИ

  1. ВРЕМЕ Е ЗА СПОРТ!
ЦЕЛ Главната цел на оваа активност е да им понуди знаење од спортот на двете целни групи
КОРИСТ

За деца: им се нуди шанса да ја изградат својата самодоверба и да споделат едукативно и забавно време со своето семејство

За родителитестарателите: им се нуди можност да се „спуштат„ на нивото на нивните деца и да го разберат нивниот начин на размислување и нивната улога

МАТЕРИЈАЛИ/

ОПРЕМА

Едукативни материјали

Однапред подготвени квизови/игри со знаење

Материјали за пишување

КАКО ДА ГО НАПРАВИШ

Оваа активност може да се одржи на кој било простор – не само на спортски терен, бидејќи не е вклучена ниту една спортска активност сама по себе

Фокусирајте се на спортот на вашиот клуб (опционално)

Презентирајте ја историјата на овој спорт (кој, кога, како, еволуција на спортот)

Објаснете ги правилата и упатствата на спортот

Вклучете ги децата во процесот барајќи од нив да споделат што знаат (можете да користите квизови или забавни игри со погодување за да го направите позабавен)

Презентирајте неколку интересни и смешни факти за овој спорт

Направете тест за се што е претставено на сесијата каде членовите на семејството се натпреваруваат заедно

ДЕБРИФИНГ

Како се чувствувате со она што го научивте?

Дали сите научија барем нешто ново?

Што беше особено интересно?

Како беше да се биде во тим со член на семејството?

Какво е чувството да се победи/изгуби?

Дали беше утешно да ја споделат победата/поразот со членот на семејството?

Што беше најпозитивното од ова искуство?