ПОГЛАВЈЕ 3

A. ПРИВЛЕКУВАЊЕ & ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИ/СТАРАТЕЛИ – ПАТ ДО УСПЕХ!

Спортот обично е привлечен за младите и децата. И не се само тие кои сакаат спорт и се подготвени да се вклучат во забавниот аспект на истиот. Исто така, родителите/старателите се поддршка во учеството на нивните деца во какви било спортски активности, бидејќи тие не само што ги препознаваат физичките и ментални придобивки од спортот, туку го признаваат и образовниот аспект на спортот и социјалните вештини што ги стекнале нивните деца. Бидејќи се чини дека имаат позитивен пристап кон вклучувањето во спортскиот свет за децата, зошто толку се двоумат самите да бидат вклучени во тоа? Што ги држи подалеку и како би можеле да го надминеме овој став? Ајде да погледнеме:

  • изграи ефективна комуникациска стратегија – Да не се лажеме: привлекувањето на нечие внимание е почеток на обид да се привлечат и убедат да се придружат на вашата идеја. Па, како би можеле да го направите ова кон родителите/стрателите на вашите млади спортисти? Па, бидејќи сте го изградиле нивниот профил во претходните чекори, тогаш веројатно ги знаете нивните навики, што треба, начинот на кој сакаат да комуницираат и да се дружат. Тоа е тоа тогаш! Имате се што ви треба да изградите ефективна комуникациска стратегија. Погрижете се пораката да стигне до вашите целни групи користејќи ги сите достапни средства. Да, социјалните медиуми, веб страната, е-поштата, пораките и која било друга алатка за комуникација е задолжителна. Но, погледнете околу себе! Највредната алатка е…жив збор! Вашите млади спортисти, децата на вашите родители/старатели, се најдобрите гласници што некогаш би можеле да ги посакате! Нека бидат дел од вашата комуникациска стратегија како живи пренесувачи на вашата идеја! Но, не се ограничувајте таму! Искористете ја секоја достапна можност да го привлечете вниманието на вашата нова целна група преку споделување информации во која било формална и неформална прилика, со организирање забавни настани за да ја прославите оваа иницијатива, со одржување на информативни денови, користејќи ја шансата да разговарате со нив поединечно пред или по редовните тренинг сесии на нивните деца. Користете го нивниот јазик, запознајте ги со идејата, убедете ги!
  • Промовирај ги придобивките – Да, веројатно е дека на почетокот ќе се двоумат. Ваша задача е да ги раззбиете овие облаци! Одвојте време да влезете во нивните чевли и да почувствувате како се чувствуваат. Од што се плашат? Тоа е веројатно непознат концепт и можеби ќе им треба малку време да се чувствуваат удобно. Погледнете ги предизвиците што ги споменавме претходно во ова упатство и обидете се да ги балансирате со придобивките што ќе ги добијат наместо тоа (и тие и нивните деца). Објаснете ги предностите, презентирајте го позитивното влијание што СНС активноста ќе има во нивното семејство и разговарајте со нив. И запомнете: секогаш можете да ги замолите да се сетат на своето минато, кога и самите биле деца, и да ги потсетите како се чувствувале кога поминале некое квалитетно време со своето семејство или кога заеднички направиле нешто. О, тие слатки спомени дефинитивно ќе бидат предност!

  • Понудитест возење” – Вашиот напор може да ги доведе до точка да размислат за тоа, но можеби ќе им треба малку „потурнување„ за да се вклучат во ова патување! Што би можело да биде најдобро за нив да ги надминат своите ограничувања, се разбира „тест возење“? Доколку веќе сте имплементирале некои слични СНС активности со други групи, тогаш замолете ги да посетат една од сесиите и да набљудуваат како гледачи. Ако не, тогаш замолете ги да следат некој сличен настан на други спортски клубови, каде што исто така би се чувствувале послободни да реагираат додека се во непозната средина. Ако ниту еден начин не е можен, тогаш се зависи од вас! Соберете ги вашите колеги и преземете ја улогата на возрасните во заедничката игра со младите спортисти. Покажете им на родители/старатели како се прави тоа и оставете ги да бидат занесени од ентузијазмот на нивните деца во нивната интеракција со возрасните (кои понекогаш ги гледаат како семејство!). Водете со пример и натерајте ги да сакаат да ве заменат следниот пат!

Следете ги овие совети и двоумењето нема да таре долго! Нивните резерви ќе останат во минатото и тие ќе бидат ваши нови членови на тимот!