Поглавје 5

Покажи ми како да го направам тоа!

Откако ги поминавме сите аспекти на СНС за секоја целна група, време е да идеме подлабоко. Во ова поглавје ќе истражуваме како можеме да го интегрираме СНС концептот во спортските клубови и организации, како ефикасно да работиме со возрасни и деца во и преку спортот и какви образовни пристапи можеме да воведеме за време на „Семејни денови“, додека едноставни примери во обликот на кратки студии ќе ви дадат конкретна и реална слика за овие работи. Ајде да започнеме!

 

  1. Претставување на СНС концептот во вашиот клуб/организација

 

Да, ново е. Да, звучи комплицирано и нејасно. Од каде да започнете и кои чекори треба да ги следите како почетници во овој концепт?

 

ЧЕКОР 1: Направете ја одлуката

Вие и вашите колеги точно треба да ги знаете потребите на вашата целна група и капацитетите на клубот. Имате јасна слика за времето кое можете да го вложите, местото каде може да организирате СНС активности, придобивките со кои ќе се здобие клубот и предизвиците со кои ќе се соочите. Пред да започнете со овој проект, важно е да ги направите крајните одлуки кои ќе го започнат почетокот на новата ера, со следење на следниот процес на донесување на одлуки:

  • Идентификувајте ја целта
  • Вклучете советници во процесот
  • Соберете детали и проценете ги вашите опции
  • Дефинирајте ги последиците
  • Заедно развијте програма – следете го патот на развивање на ваш стратешки план: поставете ги целите, дефинирајте ги активностите, планирајте ги ресурсите, итн.
  • Проценете и приспособете се

 

СЛУЧАЈ: Вие сте локален клуб и водите школа со две групи по 30 деца. Не поседувате сопствен објект и ја изнајмувате локалната спортска сала за одредени часови неделно. Сакате да вклучите некои СНС активности, но немате искуство со овој концепт досега.

Вашите достапни часови се ограничени бидејќи не сакате да правите пропусти на квалитетот на тренингот на вашите школи. Исто, вашите финансиски средства не можат да дозволат дополнителни часови. Сепак, СНС е нешто што навистина го сакате и за среќа, бројот на деца кои сакате да ги вклучите не е многу голем. Искористете ја вашата мрежа и контактирајте други спортски клубови, со повеќе искуство, да ви се приклучат! На овој начин, ќе ги поделите трошоците, ќе заштедите време и ќе имате поддршка од некој со повеќе вештини.

 

ЧЕКОР 2: Изградете го вашиот бренд

Градење на силен бренд не е само маркетинг трик. Тоа исто гарантира дека знаете што правите и зошто го правите тоа и ви помага да се придржувате до вашите цели. Тоа е единствениот начин да се осигурате дека вашите напори ги одразуваат потребите на вашата целна група и на тој начин вашите учесници ќе бидат привлечени и мотивирани за учество. Градење на вашиот бренд значи:

  • Профилирајте ја вашата целна група
  • Дефинирајте го вашиот профил
  • Создајте репрезентативен бренд

СЛУЧАЈ: Вие сте еден од многу локални спортски клубови со умерена големина во вашата област и ја споделувате целната група со нив. Сепак, вие сте доста популарни во вашата заедница поради успешните приказни на многу спористи кои започнале во вашиот клуб и подоцна напредувале на национално ниво. Вашиот стил е поудобен, промовирате семејна околина и вашата работа се заснова на интерперсонални врски со вашата целна група и нивните семејства.

Вашата целна група доаѓа од локален контекст и ја преферира домашната средина. Поради успешните приказни на вашите спортисти, тие исто сонуваат дека ќе станат ѕвезди. Вашиот бренд треба да е пристапен, пријателски и да им изгледа познато. Слоганот „Бидете херој на вашето семејство!“ со возрасна фигура и дете во форма на суперхерој, облечено во омилените бои на вашиот тим, дефинитивно ќе го зграпчи вниманието на вашата целна група.