Поглавје 4

2. Колективни спортови

  • Тимски дух: колективните спортови го обезбедуваат тимскиот дух. Се работи за ангажирање во тимот, охрабрување и поттикнување од тимските соиграчи, коегзистирање во рамнотежа, посветеност во тимска работа и социјализација. Затоа, кога се работи за СНС, ова е лесниот дел! Играчите се навикнати на група и додавање на неколку нови соиграчи нема да биде тешка задача.

Совет! Секогаш имајте во предвид дека новите „семејни членови“ во вашата група не ги делат истите карактеристики со вашите стари членови. Направите ги потребните работи за да одржите некое ниво на единство во тимот и секогаш слушајте ги потребите на сите тимски членови.

 

  • Инклузивност и толеранција: играчите на колективните спортови се најчесто потолерантни и поотворени кон другите и покажуваат несебичност и разбирање во тимот. Вашите сегашни играчи имаат различни потекла и карактери и тие веќе нашле начин да коегзистираат и да најдат баланс. Во СНС е исто, вашите нови членови ќе бидат сосема нови и различни личности, но вашиот тим е веќе навикнат на инклузивност и толеранција.

Совет! Ова е сигурно правилото, но исклучоци секогаш постојат! Набљудувајте и осигурајте се дека никој нема да биде исклучен и изоставен од тимот и сите имаат чувство на припадност и заедничка поддршка.

 

  • Флексибилност: разновидноста на карактери на соиграчите и потребата да се одржи единството на групата неизбежно ги прави членовите пофлексибилни и поприлагодливи на промена. Овој флексибилен пристап е многу важен за СНС и сигурно новите членови може да ја разнишаат динамиката.

Совет! Флексибилноста е една работа, а подесување на работите е сосема друга! Осигурајте се дека промените кои се случуваат во тимот се непречни и издржани, или вашиот напор ќе пропадне!

 

(b) Слаби точки

 

  • Зависење: да бидеш поддржан од тимот понекогаш доведува до зависност од него. Особено кога се работи за СНС, каде мешаме групи на млади деца со возрасни (кои се авторитетни фигури во семејството), веројатно е дека послабите играчи (децата) можат да бидат погрешно водени од поискусните лица (родителите/старателите).

Совет! Дефинирајте ги улогите на секој член од почетокот и уверете се дека сите ги знаат и разбираат своите граници. Развијте тренинг структура која им дозволува на сите еднакво да учествуваат според нивните капацитети, возраст и вештини.

 

  • Конкурентност: тоа е карактеристика на сите колективни спортови и не се однесува само кон другите тимови, туку и меѓу самите соиграчи. Особено кога се вклучени и членови на семејството, конкурентноста и тензијата може да влијаат и да го уништат тимското единство.

Совет! Фокусирајте се на образовниот аспект на СНС активностите и потсете го тимот дека целта на овој процес е да се учи, поврзете и да се забавувате.

 

  • Преполна околина: еден обичен тим на колективен спорт е доста полн и некогаш е потешко да се справите со ваква група. Па што се случува кога бројот ќе се удвои или дури тројно се зголеми, како во СНС? Факт е дека спортските лидери ќе имаат помалку време да се фокусираат на индивидуалниот тренинг, додека поединците кои им е потребно посебно внимание или други методи на учење нема да го добијат.

Совет! Подгответе ја вашата тренинг структура однапред имајќи во предвид колкав број на луѓе треба да вклучите, нивните капацитети и потреби. Истражете им го профилот на учесниците и подгответе се за очекуваното. Исто, создадете безбедна околина каде сите можат да ви побараат поддршка, дури и самите да не го сфаќате проблемот.