Поглавје 4
1. Индивидуални спортови
- Самомотивација: една од најважните аспекти на спортот е спортистот да биде силно мотивиран за тренинг и да има добар перформанс. Доколку спортистите се научени да се потпрат на себеси и да уживаат во резултатите на нивната работа, самомотивацијата лесно може да се најде. Истото се случува со семејството на спортистот, кои исто така се навикнати на овој концепт преку нивните деца и исто така се запознаени со концептот на зависење од себеси и фокусирање на својот перформанс. Во однос на СНС, ова може да биде силна страна, дека лесно ќе му биде на спортскиот лидер да надополни на веќе постоечката мотивација на спортистите (родителите/старателите и децата) и полесно и поефикасно да ги води низ СНС процесот.
Совет! Обидете се да им ја зголемите мотивацијата со тоа што ќе им покажете да се поддржат меѓусебно и да црпат од меѓусебната енергија!
- Упорност: ова е повторно важна карактеристика на индивидуалните спортови, бидејќи спортистите имаат тенденција да се фокусираат повеќе на нивната цел и се подготвени да работат напорно за да ја постигнат. Во СНС средина, ова може да биде претворено во доста корисен аспект и за родителите/старателите и за децата, бидејќи децата можат да ги привлечат своите родители/старатели да бидат поангажирани во активноста и да ги надминат своите сомнежи и двоумења.
Совет! Оставете ги младите спортисти да ја играат нивната улога и станете лидер во овој процес, убедувајќи ги родителите/старателите дополнително да се вклучат, водејќи по пример!
- Дисциплина: доколку нема друг член на тимот да заменува тимски колега, од нив се бара да покажат строга дисциплина при вежбање на овој спорт. Ова веројатно се одразува во нивната семејна средина, бидејќи најчесто правилата и навиките на младите спортисти не постојат само на спортските полиња, но се префрлаат и во нивните лични животи и семејството, неизбежно ги следи истите. Искористете го овој атрибут во корист на СНС тимот, бидејќи тоа дефинитивно ќе ви ја олесни работата – правилата ќе бидат следени, улогите ќе бидат почитувани и балансот ќе биде полесно остварлив во вашиот мал тим.
Совет! Запомнете да не ја претворите вашата СНС активност во некој строг, „војнички“ процес. Дозволете им слобода и можност за забава на вашите тимски играчи, бидејќи целта на СНС не е висок перформанс, но учење и поврзување преку спортот!
(b) Слаби точки
- Фокус на себе: Иако самомотивацијата се смета за силна страна, таа крие слаба страна. Индивидуалните спортисти – или „соло спортисти“ како што се често нарекувани, имаат многу силен личен аспект во нивното учество, бидејќи најчесто се натпреваруваат со себеси. Спортистите не го делат напорот со никој, ниту тие можат да се потпрат на други тимски играчи, што води до намалено ниво на тимски дух. Во СНС активности ова создава неколку потешкотии бидејќи спортистите треба да научат како да коегзистираат со другите членови – дури ако се работи за нивните родители/старатели!
Совет! Посветете повеќе време во тим билдинг активности дури и да е мал тим од два члена! Понудете им на вашите учесници да искусат и да ги разберат придобивките од соработката и тимската работа!
- Недоволна интеракција: бидејќи се соло играчи, тоа значи дека имаат помалку социјални можности. Тие не се навикнати на интеракција со други членови на тимот за време на тренингот и ова можеби ќе ги направи да се чувствуваат непријатн и неудобно. Особено во СНС, каде „другите играчи“ се нивното семејство, лични проблеми можат да се појават и да доведат до агресија и тензија.
Совет! Воведете ги постепено во процесот и започнете со мали чекори. Пробајте проактивно да избегнете конфликт и разјаснете им страни дека нивната улога е спортист, а не нивната семејна улога.
- Недоволни вештини за прилагодување: бидејќи во индивидуалните спортови се сѐ гради врз личноста и потребите на соло спортистот, за нив е тешко да се биде флексибилен и да се прилагодат на новите околности каде потребите и на друг поединец треба да се запазат. Во случајот на СНС, на спортистите може да им е тешко да ја прифатат и да се вклучат во новата средина и затоа конфликт или недоволна мотивација може да се појават.
Совет! Не мора да промените се! Направете мали промени на кои сите учесници можат да се прилагодат, најдете заедничка основа која ги прави сите да се чувствуваат удобно и дадете им дополнителна поддршка на поединците на кои им е најтешко да се прилагодат!