Поглавје 5

2. Како заедно да работите со возрасни и деца преку индивидуални и колективни спортови

Има толку многу да се каже за ова поглавје! Иако можеби звучи како многу широка тема за дискусија, ќе пробаме да истражиме неколку клучни точки кои можат да бидат корисни во вашата работа:

 

(a) Како да ангажирате и зголемите мотивација

 

СЦЕНАРИО: Се потрудивте, но работите не одат баш најдобро. родителите/старателите не сакаат да се вклучат во вашите СНС активности и децата ја имаат изгубено мотивацијата.

ПЛАН Б: Очигледно е дека на вашиот тим му е потребно ресетирање. Престанете со вашата тренинг програма, соберете ја групата во круг и побарајте да дадат идеи за нова игра. Треба да ја дефинираат целта, правилата, наградата за победничкиот тим/играч. Поставете одредено време за оваа активност. За да биде пофер (и поинтересно!) поставете пречки за возрасните (на пр. да трчаат со затворени очи, да скокаат на една нога, да носат тежина, итн.). На крајот на играта, победникот ќе одлучи каква вежба ќе треба губитникот да направи. Користете ја оваа техника редовно и запишувајте го резултатот во текот на тренинг периодот. Оваа тактика ќе ја зголеми мотивацијата на учесниците без да го уништи редовниот тренинг процес.

 

(b) Како да обезбедите взаемно прифаќање, инклузивност и еднакво учество

 

СЦЕНАРИО: Сте приметиле дека некои членови се изоставени. Или, во некои индивидуални спортови, родителот/старателот  постојано го потценува детето и пробува да го засени.

ПЛАН Б: Време е да преземете акција! Ако во вашиот спорт има поентирање, броење на време, висина или далечина, во улогата на тренер, започнете да ја менувате бројката според бројот на „прекршувања“ на „сторителот“ или почнете да ги броите во корист на послабата страна. На пример, намалете поени без да објасните, отстранете го резултатот, додадете поени на „жртвата“ без објаснување, исклучете го „прекршувачот“ од некоја активност без причина, свирете фаул дури кога нема. Се разбира, на почетокот ќе има протест, но останете смирени и не давајте објаснување. После некое време, соберете го тимот и прашајте ги што мислеле и како се чувствувале за она што се случи. Сега е време да го откриете вашиот план и да ги објасните вистинските причини за тоа. Лекцијата е научена!

 

(c) Како да избегнете споредби со другите родители/старатели, деца или помеѓу членови на семејството

 

СЦЕНАРИО: Динамиката на вашата група не е еднаква. Некои играчи се добри и поискусни; некои се послаби и заостануваат. Вие чувствувате дека тоа предизвикува разочарување и ја нарушува рамнотежата и единството на тимот.

ПЛАН Б: Соберете го вашиот тим и побарајте да направат случајни парови. Секој пар треба да има едно дете и еден родител/старател, (во индивидуалните спортови, овој чекор не е потребен). Паровите имаат неколку минути да дискутираат и да кажат најмалку 3 работи за кои нивниот пар е одличен во спортот, но е слаба точка на другиот пар (пр.Јас не трчам брзо, но мојот пар е многу добар во тоа). Резултатите се претставени во групата, која потоа ќе разговара за различните вештини и компетенции во тимот, важноста на оваа полифонија и како ова може да доведе до успешен тим.