Поглавје 5

(d) Како да спречите премногу конкурентност меѓу родителите/старателите те, децата или членовите на семејството

СЦЕНАРИО: Приметивте дека еден родител/старател е премногу конкурентен не само со другите возрасни, но и со неговото дете. Ова прави остатокот од тимот и, се разбира, детето да се чувствуваат многу непријатно и им ја намалува мотивацијата за учество.

ПЛАН Б: уште еднаш, поставување на граници е решението. Воведете „тајм аут“ во тимот: секогаш кога некој ќе се чувствува неудобно поради натпреварувачкото однесување на друг, може да кренат рака и да побараат „фаул“ и да објаснат како и зошто се чувствуваат така повторно. Откако едно лице ќе добие 3 фаули, тие се пратени на „тајм аут“ за да размислат за нивните постапки. Откако ќе помине времето, треба да споделат со групата како се чувствуваат и дали размислиле за нивната ситуација за време на казната.

 

(e) Како да се спротиставите на конфликт

 

СЦЕНАРИО: двајца членови на вашиот тим (возрасен и дете) влегле во силен конфликт за правилата на играта/спортот. Возрасниот го кренал гласот и збори брзо непрестајно и детето не може да реагира, па почнува да плаче.

ПЛАН Б: Најпрво, треба да ги смирите сите. Отстранете го едниот од другиот со помош на вашиот тим и дадете им време да се смират. Употребете спортска опрема за да им помогнете да се смират и да се релаксираат (на пример, ако има топка, дајте им да ја пошутираат, или ако е атлетика, нека потрчаат кратки растојанија). Соберете ги пак, и наместо да влезат пак во конфликт, побарајте да кажат 3 позитивни работи за другата личност. Можеби ќе биде тешко на почетокот, но останатите соиграчи можат да помогнат. Оставете ги да се помират и ставете ги во пар за следната вежба.

(f) Како да размислите и да процените

СЦЕНАРИО: Вашата тренинг сесија заврши и вашиот тим/учесници имаат измешани чувства за неа. Сепак, важно е да го добиете повратна информација за да можете да ја подобрите за следниот пат.

ПЛАН Б: подредете ги и кажете им да ги вежбаат сами (на пример шутирајте ја топката или скокнете најдалеку што можете). Ако личноста поентира или вежба добро (во претходните примери ако топката е ВНАТРЕ или ако скокнале доволно далеку) тие можат да споделат позитивно нешто за сесијата. Ако не успеат, можат да споделат негативно нешто. Се разбира, може намерно да не успеат ако сакаат да споделат нешто негативно и вие треба да објасните дека ова е во ред. Откако сите ќе ги споделат коментарите, соберете се повторно, и вие како лидер уверете ги дека се е во ред, дури и споделиле само негативни работи.