Поглавје 5
3. Образовни пристапи на „Семејни денови“
Семејни денови е првиот чекор во воведувањето на СНС во вашата редовна тренинг програма. Тоа е настан кој ги собира семејствата за да играат некој спорт и да уживаат во заедничкото време, да се запознаат со концептот на СНС, да ги ценат неговите придобивки и да се зголеми нивниот интерес во овој процес. Или „Семејните денови“ може да бидат годишен настан за вашиот клуб/организација или почест настан, односно секоја недела или секој месец. Еве неколку практични совети околу ова:
(a) Како да учите соработка
Како што претходно кажавме, една од најпредизвикувачките задачи при имплементирање на СНС активности е да им помогнеме на родителите/старателите да ја разберат својата улога и да се однесуваат како еднакви членови на тимот. Соработка со дете започнува со инстинктивниот пристап дека не може, дури дека НЕ ТРЕБА да биде еднаков, но ова е така со СНС. Родителите/старателите треба да го остават своето его, да го прифатат авторитетот на спортскиот лидер, да ги прифатат децата како еднакви тимски соиграчи и да работат на ефикасна соработка кон заедничката цел на тимот.
СЦЕНАРИО: Некои од родителите/старателите не сакаат да се откажат од авторитетната улога и многу командуваат со децата. Тие постојано им кажуваат да прават вака или онака, пробуваат да преземат водство и претпочитаат се да прават сами наместо да ги делат задачите со децата.
ПЛАН Б: Првата работа е да ги ставите во пар! Погрижете се да направите мешани групи во тимот, каде и децата и возрасните се дел од истата група. Назначете одредени улоги на секој член и дадете им задачи кои бараат соработка или во спротивно, не можат да се завршат. На пример, во атлетиката, преврзете ги очите на возрасниот, заврзете му ја раката за раката на детето и кажете му на детето да го води до целта. Во колективен спорт, на пример кошарка, врзете му ги очите на возрасниот и кажете му на детето да го води за да постигне кош.
(b) Како да учите взаемна поддршка
Единствениот начин за членовите на тимот да се поврзат и да ги почуствуваат вистинските придобивки на СНС е да се подобри взаемната поддршка и доверба. Важно е да се чувствуваат дека можат да се потпрат на нивните соиграчи и дека сите се поврзани, вложувајќи ги најдобрите напори кон заедничка цел и успех на тимот.
СЦЕНАРИО: Некои од вашиот тим се послаби од другите и ова ги прави да се чувствуваат несигурно и разочарано. Ова влијае на тимската динамика и ја загрозува суштината на СНС активноста: вежбање, образование, поврзување и забавување.
ПЛАН Б: Побарајте од вашиот тим да подготви прослава при победи и порази. Оставете ги да ја дизајнираат како што сакаат за да го одрази нивниот дух и карактер. Ова е првиот чекор за подобрување на нивната мотивација и тимски дух. Сега, фокусирајте се да развиете внатрешни механизми за поддршка. После секоја тренинг сесија, замолете ги да кажат една работа која би сакале дополнително да ја тренираат за да се подобрат и доделете ја оваа задача на еден пар соиграчи (возрасен и дете) – ова ќе биде почетокот на вашата следна сесија. Уверете се да не тренираат или да бидат тренирани истите поединци.
(c) Како да го научите пристапот кон победување/губење
Луѓето имаат различни начини на справување со победа или пораз – тоа е карактерот на личноста, тоа е егото или ниската самодоверба, тоа е времето и напорот што го вложуваат во активноста. Сепак, треба да има одреденј баланс, бидејќи во СНС не се работи за резултатот, туку за развој!
СЦЕНАРИО: Вашиот СНС тим се натпреварува со друг СНС тим од друг спортски клуб, и за жал, се поразени. По играта, родителите/старателите се доста нервозни поради резултатот, додека пак децата плачат и се очајни.
ПЛАН Б: Соберете го вашиот тим за анализа по натпреварот. Но овој пат, фокусот нема да ви биде на грешките и стратешкиот пристап – сепак целта на СНС не е за спортскиот перформанс, туку за учење, поврзување и забавување! Дајте му време на тимот да се смири, па дури искористете и некои техники за релаксирање: побарајте им да си ги измасираат рамената меѓу себе или да се истегнат. Започнете со фалење на нивниот напор и став во играта; нивото на соработка и взаемна поддршка; почитта која ја покажале кон противникот и судијата; нагласете го навивањето и поддршката од гледачите; кажете им колку сте горди на нивниот перформанс. Потоа, вклучете ги во разговорот: прашајте ги кој им бил омилен момент во играта, кои поуки ги научиле, во што уживале најмногу или имале добро чувство од ова искуство. За крај, побарајте да ја направат редовната прослава, без разлика на резултатот!
Откако ги поминавте сите поглавја на овој водич, некој би се запрашал – дали е тоа се? Дали детално ги исцрпивме сите аспекти на Спортовите Нсочении кон Семејството? Постои еден лесен одговор: СЕ РАЗБИРА ДЕКА НЕ! СНС е интересен концепт со многу поглавја коидопрва ќе се откриваат. Колку повеќе е некој вклучен во него, толку повеќе ќе се открива за него! Сепак, се надеваме дека овој водич ќе служи како корисна алатка за активните спортски клубови и организации за да се запознаат со овој концепт и да ги направат првите чекори!