ВОВЕД

За што се работи во СНС?

Спорт насоен кон семејството (кратко СНС) е сето она што терминот го открива збор по збор, и многу повеќе од очигледното. Станува збор за зближување на семејствата и нудење можност заедно да уживаат во бројните придобивки од спортските активности и да поминат забавно време заедно, а истовремено да го подобрат нивното физичко и ментално здравје. Секој може да има корист од учество во такви активности: децата од една страна и членовите на нивните семејства од друга страна.Тие би можеле да бидат родители, роднини, пријатели, старатели или кој било друг старател кој е задолжен за издржување на детето во семејна смисла.

Луѓето велат дека “семејстото кое игра заедно, останува заедно!” и ова не треба погрешно да се смета како упростена концепција. Ако зборуваме поконкретно, учеството во некоја спортска активност како семејство, не само што ги нуди здравствените придобивки од која било физичка вежба, туку и му помага на семејството да развие силни врски меѓу членовите, со:

  • Градење на заеднички спомени – што ја поставува основата за емоционална стабилност и внатрешен развој.
  • Овозможување интимност и задоволување на емоционални потреби – „Борбата“ за заедничка кауза им овозможува на членовите на семејството да се зближат, да се поддржуваат едни со други, да споделуваат емоционални моменти и да ги изразат своите чувства еден кон друг.
  • Создавање семејно единство – споделувањето е грижа и која не се однесува само на материјали и услуги, туку и на заедничките моменти – во случајот на СНС, победи и порази, напор и напорна заедничка работа.
  • Градење на чувство на припадност – чувството на заедништво со членовите на своето семејство, чувството на сигурност во својот „семеен тим“ се одразува на реалниот живот, токму како и на спортското поле.
  • Отварање на комуникациски канали – учеството во СНС активностите, ги поттикнува членовите на семејството да имаат отворена комуникација и да најдат нови начини да се изразат.
  • Фасилитирање на процесот на заздравување на секоја криза – ослободувањето од стресот, надминувањето на огорченоста, промовирањето на соработката кон заедничка цел е помагање на членовите да се ослободат од сите негативни емоции помага во решавање на конфликтот.
  • Поддршка на социјалниот и емотивен развој на децата – растењето со вклучување на различен начин на комуникација со семејството, доживување различни моменти и имајќи го примерот на неговиот родител/старател, ја поддржува благосостојбата на детето и повеќедимензионалниот развој.
  • Учење на нови вештини преку сорботка дефинитивно е посебно да се научи нешто ново заедно со семејството и да го искористите ова искуство за подобрување на своите вештини и капацитети заедно со најблиските.

И списокот може да биде се поголем и поголем – кој би можел да се сомнева во ова? Но, дали само децата и нивните семејства се корисници на ваква иницијатива? Што е со спортските клубови? Зошто би се мачеле да ги вклучат СНС активностите во нивните редовни спортски програми? Ајде да споделиме неколку идеи…