Поглавје 3
1. Како да бидете пофлексибилни
Кога водите СНС тим, мора да се справите со неколку предизвици: тоа е прилично нов концепт, што значи дека треба добро да се запознаете со него; вклучени се повеќе целни групи, па треба соодветно да го приспособите вашиот пристап и однесување; постојат повеќе тренинг методи за секоја целна група, односно треба да го подобрите вашето знаење и да ги подобрите вашите вештини за да ги изведете на ефикасен начин. Затоа, ако сте флексибилен и имате добри приспособувачки вештини ќе ви ја олеснат работата:
(a) Не ги променувајте вашите вредности
Секој поединец има свои принципи и лични вредности кои го градат неговиот карактер и личност. Без разлика колку брзо или колку многу се менуваат работите, важно е да останеме фокусирани на овие главни вредности, бидејќи на крајот на денот, тоа сме ние! Овие клучни точки на карактерот на една личност ги држат прицврстени при промена и нудат чувство на стабилност и безбедност. На пример, ако добиете необично барање, овие клучни атрибути ќе ви помогнат да сфатите дали можете да го прифатите или не или да ви помогнат да разберете до кој степен може да се прифатат.
(b) Имајте отворен ум
Секоја промена може да биде страшна, но ова не значи дека треба да ја одбиеме уште на почетокот. Непознатото може да крие предизвици и ризици и исто така може да нѐ извади од нашата комфортна зона, но исто така носи еволуција, подобрување и личен раст. Ќе има многу поединци во вашиот СНС тим – некои од нив многу млади, возрасни, некои дури постари и од вас! Бидете отворени за различни перспективи, слушајте различни гласови во вашиот тим и пробајте да ги разберете – сигурно можете да научите од сите и придобивките нема да ви влијаат само на вас, туку на целиот тим.
(c) Бидете позитивни и смирени
Кога се случува промена или некој неочекуван инцидент, страв и анксиозност се најчестите човечки реакции. Можеби ќе биде тешко да бидете оптимисти и смирени, но стресот и паниката никогаш не биле сојузници на успехот. Справете со секој предизвик со позитивен пристап, гледајте на позитивната страна и пробајте да ги намалите негативните аспекти. Како и да е, секој предизвик е нова можност за учење и подобрување на себе и токму вака треба да го гледате тоа.
(d) Бидете проактивни
Сигурно постојат работи кои се случуваат неочекувано и кои не можете да ги предвидите. Но еволуцијата е факт и сите знаеме дека ништо не останува исто за подолг период. Кој е одговорот за непознатата иднина? Планирање однапред! Обидете се да ги замислите работите кои можеби ќе се случат во блиската иднина, „гледајте“ ги знаците, развијте план за ризик и подгответе ги вашите одговори за престојните инциденти. Дури и да не се случат предвидувањата, овој процес ќе ви помогне да се чувствувате посамоуверено и ќе ви ја подобри подготвеноста да се справите со било каква идна промена.