Поглавје 3

2. Како да го направите вашиот тим флексибилен

Како тимски лидер, вие не сте единствениот, имате цел СНС тим кој треба да ве поддржи – но вие тоа го знаете веќе, така? Важно е да ја поттикнете флексибилноста на вашиот тим, за да бидат отпорни и да се приспособат на промена, особено со нивните предизвици во ваквите мешани тимови. Развивање на тимски дух и оддржување на рамнотежа во тимот се важни задачи во напорот да обезбедите успешни СНС искуства. Еве неколку совети:

(a) Намалете го отпорот

Не заборавајте дека вашите членови на тимот се луѓе и дека ги искусуваат истите работи како и вие, пред да станете пофексибилни. Сепак, вие сте нивниот лидер и тие дефинитивно бараат поддршка и водство од вас (да, дури и за возрасните членови на вашиот тим!). Кога околностите се менуваат, ќе биде голем предизвик за нив веднаш да се приспособат и да бидат среќни со нив! Ваша работа е да ги поттикнете да ја прифатат оваа промена, да им ги објасните причините за оваа промена, како и за придобивките од неа. Одговорете на нивните прашања, отворено и искрено дискутирајте за тоа и водете со пример: ако вие сте флексибилни, и тие ќе бидат! 

(b) Бидете тим

Луѓето полесно се приспособуваат во околина каде се чувствуваат безбедно и со доверба. Имајќи во предвид дека лесно можат да побараат поддршка и дека истата ќе им биде пружена создава чувство на безбедност и им ја подобрува самодовербата. Поддршка од врсниците и тимскиот дух се исто така важни тука, бидејќи позитивниот став на некои членови и добрите резултати кои ќе произлезат ќе ги поттикнат другите да ги следат. Пробајте да ги елиминирате чувствата на неуспех со тоа што ќе промовирате взаемна поддршка и тимски дух како предуслов за безбедна средина.

(c) Вклучете и ангажирајте

Луѓето се чувствуваат поудобно во нова средина или неочекуван настан кога ја имаат можноста да ги елиминираат или одредат последиците. Во други зборови, многу му помага на некој да се приспособи на промена и да ја прифати ако некако можат да влијаат на новата ситуација и да станат дел од неа. Ова не е тешко да се постигне! Отворено дискутирајте со вашиот тим за новите услови и поканете ги да дадат идеи како може да се прилагоди на нивните потреби, како би се чувствувале поудобно и што би сакале да избегнат. Поттикнете ги да бидат креативни, слушнете ги нивните предлози и пробајте да ги вклучите до некој степен.

(d) Прифатете и разберете

Постојат повеќе начини на кои би реагирале луѓето на неочекуваното. Некои се похрабри и поподготвени да скокнат во авантурата, додека некои се несигурни и би сакале да избегнат било каква вклученост. Имањето на СНС тим е повеќедимензионална динамика која бара да ги слушате потребите на секој пединец. Се разбира, за првата група секоја промена ќе биде полесна, додека пак втората веројатно повеќе ќе се мачи и би била под повеќе притисок. Прифатете ги нивните разлики и помогнете им на „послабите“ членови нудејќи им поддршка, дополнителни тренинзи или побарајте еден посигурен член да им помогне исто така.