Поглавје 3
D. Организаторски вештини
Правилната организација е клучна за успех. Особено во тешки проекти, како што е СНС иницијативата. Се разбира, ова не е различно од било кој друг проект, но клучно е да сте правилно подготвени за да ги оддржите квалитетните стандарди на вашиот спортски клуб или организација. Еве неколку совети кои ќе ви ја олеснат работата:
1. Подготовка
Сигурно ова не е ништо нова, но вреди да се повтори! Правилната подготовка е првиот чекор кон успех и треба да вложите многу работа во овој процес.
(a) Профил на учесникот
Посветете време за да го истражите профилот на вашите СНС учесници. Набројте ги нивните карактеристики, пробајте да им ги разберете нивните потреби и почувствувајте ја динамиката на вашиот тим. Овој чекор е важен не само за да го прилагодите вашиот тренинг процес според оваа информација, но и за да се спремите себеси за што да очекувате.
(b) Тренинг процесот
СНС концептот има многу специфична природа и уникатни карактеристики. Вашите редовни тренинг методи можеби не се соодветни, па затоа ќе треба да ги прилагодите според новите околности. Направете ги потребните промени, збогатете го вашиот тренинг со се што ви е потребно за да ја поддржите вашата работа и приспособете ја тренинг структура според потребите на вашиот тим. На крајот на овој процес, уверете се дека сте спремни да ја спроведете новата тренинг програма и да се справите со сѐ што може да се појави.