Поглавје 3

D. Организаторски вештини

  1. Воведување

Време е да го спроведете вашиот план! На почетокот, ова можеби ќе биде малку стресно, ќе личи на експеримент и затоа организирање на сѐ однапред може да биде олеснувачки.

(a) Период на прилагодување

Колку и да е нов концептот на СНС за вас, многу е веројатно дека и вашата целна група го искусува ова прв пат. Подобро е да немате високи очекувања од првиот период. Дајте му простор на вашиот тим да се прилагоди на овој нов вид на тренинг, дозволете му да си ги истражи границите и улогите во тимот и да го најде својот тимски баланс под вашето водство.

(b) Тим билдинг

Овој вид на интеракција меѓу членовите на семејството на спортското поле воведува нови улоги и тотално непозната средина за вашиот тим. Сигурно не се запознаени со ваков вид на активности и потребно е време за да се опуштат, да се запознаат под новите околности, да се поврзат како тим и да соработуваат непречно и да уживаат во процесот. Затоа, важно е да инвестирате време во тим билдинг активности кои ќе направат сите да се чувствуваат удобно и релаксирано. Подгответе ги овие активности однапред и инсистирајте сите да ги извршат и повторат ако е потребно.

 

  1. Проследување

После секоја тренинг сесија, работата не е завршена за вас! Анализата по играта е еднакво важна, ако не и поважна од самата игра, СНС тренинзите не се исклучок на тоа!

(a) Добијте повратна информација

Поканете го вашиот тим да споделат како се чувствувале во однос на тренинг сесијата. Како била за нив и што би смениле? Во што уживаа најмногу и што направи да се чувствуваат непријатно? Имајте ја повратната информација во предвид и одделете време за размислување. Дали имаше моменти кога сте се чувствувале непријатно или со кои сте се мачеле? Кои моменти се издвоиле и донеле најдобри резултати во текот на тренинг сесијата?

 (b) Проценете и подобрете

Откако ќе ги дефинирате слабите и силните точки на тренинг сесијата, пробајте да ги вклучите коментарите кои ги добивте од вашиот тим, како и сопствени размислувања, во следната тренинг сесија. Направете ги потребните промени и пробајте да го подобрите вашиот план на начин кој, барем ќе ги минимизира слабите точки и подобри силните точки.