Поглавје 3

E. Вештини за едукација во/преку СНС

Имплементирање на СНС активности веднаш го прави спортскиот лидер повеќе од обичен тренер или обучувач. Тој станува едукатор бидејќи интеракцијата со тимот не е само подобрување на нивните спортски вештини, туку и употреба на спортот како начин за придонесување на нивниот личен развој и одржлива социјална трансформација. Затоа, важно е да имате во предвид дека СНС е процес каде спортот станува секундарна цел на образовната цел. Вештините кои се потребни за едукација во и прекѕ СНС вклучуваат разни меки вештини и компетенции:

 (a) Разбирање на вредностите на СНС:

Спортовите генерално промовираат основни вредности и принципи кои се од витално значење за личниот раст и социјалниот развој на поединците. Праведност, инклузивност, еднаквост, дисциплина, тимска работа, упорност, почит, ментално и физичко здравје се основите на секој спорт, додека СНС дополнително ја подобрува меѓусебната поддршка, семејното поврзување, разбирањето, емоционалната стабилност и растот. Затоа, важно е еден спортски лидер да ги разбира и прифаќа овие вредности и да биде спремен да му помогне на тимот да ги разбере и цени истите. Прво треба да верувате во оваа идеја пред да ги убедите другите да веруваат во нејзе!

 (b) Капацитети на однесување:

Некои од нив се детално анализирани во претходното поглавје, но дефинитивно вреди да ги повториме овде. Ефикасната комуникација повторно е на врвот на списокот, но тоа не е се! За да можете да примените образовен пристап на СНС активност, важно е да бидете мотивиран и да ги имате капацитетите да ги привлечете членовите на тимот да се вклучат. Се разбира, ова не може да се постигне без потребните лидерски вештини кои ќе ве трансформираат во авторитетната фигура која ќе го води тимот во СНС патувањето.

 (c) Когнитивни вештини:

Не се малку предизвици и за нив доста зборувавме претходно. Сепак, сѐ може да се надмине ако одговорната личност ги има вештините и силата да ги направи вистинските одлуки и да ги реши сите инциденти кои можат да ви засметаат во процесот на учење. Еднакво важно е да имате јасна стратешка визија за вашите образовни цели и ова е директно поврзано со вашите организациски вештини: треба да знаете зашто го правите ова, како го правите и што точно сакате да постигнете на крајот на ова патување.

 (d) Интерперсонални компетенции:

Ова не е ново за вас… Вашиот СНС тим вклучува различни целни групи со различна возраст, улога во семејството, потекло и сигурно, различни карактери. Имате млади и возрасни луѓе, деца и возрасни, родители/старатели и деца, смели и колебливи членови, со повеќе или помалку вештини во спортот, повеќе или помалку мотивирани и ангажирани. Важно е да можете ефикасно да се справите со сите и да оддржите тимски баланс и единство. Управување со конфликти и решавање на недоразбирања е многу важно и значително ќе ви го олеснат образовниот процес.

 (e) Наставни компетенции:

Ах, комплицираната улога на учител! Треба да комбинирате повеќе вештини: да оценувате и тренирате; да ја подобрите тимската соработка и поддржите тимска работа; да се грижите за вашите членови и да обезбедите вклученост и толеранција; да обезбедите безбедна околина за вашите СНС активности, каде „безбедност’ значи физичка, ментална и психолошка безбедност; да можете да пренесете порака преку вашите спортски активности, објасните и да го поддржите процесот на учење на учесниците.

 

 (f) НФО вештини:

Образование во и преку спортот ограничува секој вид на формален и стереотипен стил на учење. Спорстките активности опфаќаат неформално образование кое е дефинирано од СЕ како „планирани, структурирани програми и процеси на лично и социјално образование за младите направено да подобрат различни вештини и компетенции, надвор од формалната наставна програма“[1]. Во кратки црти, НФО методи се насочени кон ученикот, го подобруваат учењето преку искуства, поттикнуваат креативност, се основани на вклучување и на индивидуално и групно учење со колективен пристап и се организирани врз потребите на учесниците. Затоа, за да можеме да обезбедиме образование преку спортот, треба да развиеме организиран процес со образовни цели. За да разбереме како работат НФО методите, ајде да видиме како А. Хаксли го дефинира учењето преку искуство: „Искуство не е она што ти се случува; тоа е како постапуваш со тоа што ти се случува“. Овој циклус на учење преку искуство може да се претстави на следниот дијаграм:

[1] https://www.coe.int/en/web/european-youth-foundation/definitions

[1] https://www.coe.int/en/web/european-youth-foundation/definitions