Поглавје 1
B. СНС: огромен (+) за сите
Значи…размислувајќо за СНС, првото прашање кое паѓа на ум е…кој може да има корист од него? Се разбира, самото име јасно објаснува: СЕМЕЈСТВАТА гордо стојат на едната страна. И се разбира ова ги вклучува РОДИТЕЛИТЕ/СТАРАТЕЛИТЕ (родителите, роднините, пријателите, негувателите или било кој старател на дете) и – кој друг? –ДЕЦАТА, главните ликови на СНС идејата!
Сепак, ова не е сѐ! Другата страна ги претставува најважните актери на спортските полиња, главните даватели на услуги, оние кои нудат услови, оние кои го имаат потребното знаење и вештини, оние кои го водат процесот на учење и практикување на било кој спорт: спортските клубови и нивните вработени! Тренерите, обучувачите, олеснувачите, едукаторите – секој поединец кој е вклучен во процесот на нудење на знаење и обучување кон истото.
Но како можат спортските клубови и организации да имаат корист од оваа идеја? Како може СНС да биде од нивен интерес и какви придобивки може да има?
Ајде да разгледаме подетално!
a) СНС– С за СЕМЕЈСТВАТА
Во СНС, семејствата имаат можност да пристапат до пофлексибилен во однос на времето и поодржлив тип на вежбање. Со надминување на бариерата на одење на тренинзи во различни времиња и места, СНС станува попристапен и поатрактивен. Со заедничко тренирање како тим, членовите на семејството имаат можност да се поврзат и да си ги подобрат своите капацитети за соработка,а во исто време имаат можност заедно да си ја подобрат нивната емоционална стабилност и раст. Всушност, тренирање на спорт во безбедна семејна околина, ги зближува членовите на семејството преку нивната заедничка цел со добро расположение, радост и задоволство. Оваа околина, обезбедува простор за изразување на емоции, релаксирање, решавање на недоразбирања и подобрување на семејните односи за во иднина. Дополнително, главниот концепт на СНС е комбинацијата на спорт со учење и кревање на свеста; бидејќи атлетизмот е главно поврзан со етика и вредности, СНС исто така ќе биде средство за негување на здрава конкуренција и подобрување на социјалното однесување преку кревање на свеста за низа од социополитички теми кои се рефлектираат во спортот: хулиганството, насилството, фанатизмот, допинг, итн. Се на се, СНС е креацијата на идеална околина за семејствата да се развиваат физички, ментално и социјално.
(b) СНС– С за СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ
Спортските клубови и организации се далеку од изоставени во оваа игра! Напротив, одлуката да се стане клуб „насочен кон семејството“ дава голем опсег на придобивки. За почеток, овој нов, свеж, модерен профил веднаш ја зголемува препознатливоста и популарноста кај семејствата, дека создава сосема нова перспектива, нов начин да се погледне во спортот наменет за повеќе меѓусебно поврзани групи: децата (кои се веќе активни во спортот) и нивните родители/родителите/старателите (кои најверојатно не се). Ова додава вредност на нивните профили, бидејќи тие се попривлечни и интересни за јавноста и тие ја добиваат јавноста наспроти другите клубови и организации кои не вклучуваат вакви активности во нивните програми. Овој холистички и добро балансиран пристап на спортот веднаш го зголемува стандардот на квалитетот на нивните услуги и го подобрува нивниот едукативен карактер. Се разбира, колку повеќе луѓе се вклучуваат од различни целни групи (тука – возрасните групи), толку повеќе луѓе привлекуваат во иднината: спортисти, гледачи, итн., а камоли разновидните можности кои ги нудат на тие целни групи, што последователно води до висока угледот и признание. Како за крај, широкото влијание на општеството што го носат во нивната заедница може да создаде простор за релевантните чинители, вклучувајќи ги и властите релевантни на спортот, да изразат поголем интерес за поддршка на овие иницијативи.
Сигурно списокот може да биде и подолг, но за сега да се воздржиме и да видиме како ова се рефлектира во бројки!