Поглавје 1
C. Ајде да играме со бројки!
И покрај очигледните факти дека спортот воопшто, а и СНС уште повеќе, има бројни придобивки и широко позитивно влијание на сите вклучени, резултатите на глобално ниво не се толку охрабрувачки како што се очекува.
Всушност, според СЗО, 1 од 4 возрасни глобално не ги исполнуваат препорачаните нивоа на физичка активност. Покрај научните податоци кои предупредуваат дека луѓето кои не се доволно активни имаат 20 % до 30 % зголемен ризик од смрт во споредба со луѓето кои се доволно активни, повеќе од 80 % од светската адолесцентна популација не е доволно активна.
А што е со спортските клубови и организации? Дали тие го вклучуваат СНС во нивните програми и ако да, колку често? Каква е реакцијата на нивната целна група во вакви иницијативи – дали тие ја прифаќаат и користат ваквата можност или дали тие сеуште се двоумат или се рамнодушни? Со какви предизвици се соочуваат тие по пат и кои се празнините кои треба да се покријат за СНС да стане составен дел на нивната работа?
Во обид да обезбедиме валиден одговор на овие прашања, ние го спроведовме „СНС Истражување“ кое содржи квантитативна онлајн анкета насочена кон спортските клубови и организации со никакво или ограничено искуство со СНС, како и релевантните засегнати страни, и квалитативна фаза на интервјуа со претставници на спортски клубови и организации кои имаат одредено искуство, од пет (5) држави во Европа: Шпанија, Белгија, С. Македонија, Србија и Грција. Според резултатите од истражувањето, испитаниците покажале голем интерес за организирање и учествување во повеќе активности наменети за семејства. Околу 45% од нив го оценуваат овој интерес со најголемата оценка на скалата, додека 48% покажуваат умерен до висок интерес.
Значи, очигледно е дека идејата на СНС ќе биде присутна во иднината и ќе направи огромна промена во животите на сите актери. Ајде да видиме како можеме да го постигнеме тоа!