Поглавје 1

Неколку зборови за почеток…

Спорт…еден од најстарите пронајдоци на човештвото и еден од наједноставните аспекти во животот на многу… Инстинкт кој нуди радост, физичко вежбање и уникатно чувство на самодоверба. Луѓе од сите возрасти и потекла практикуваат спорт за да ја подобрат својата физичка и ментална отпорност, да се социјализираат, да се вклучат во здраво натпреварување и да негуваат атлетска етика. Несомнено, вежбањето е неопходно за многу причини – и ова е факт според СЗО , бидејќи физичката активност:

[1]https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/physical-activity

  • има значителни здравствени придобивки за срцето и телото;
  • намалува симптоми на депресија и анксиозност;
  • го подобрува мислењето, учењето и вештините за пресудување;
  • обезбедува здрав раст и развој кај младите;
  • ја подобрува целокупната благосостојба.

Значи кој може да се сомнева во безбројните придобивки на учество во неколку физички активности?
Сепак, знаејќи дека животот станува се понапорен и постресен во модерното денешно време, недостатокот на време често ги оттурнува луѓето од вежбање. Иако повеќето родители/старатели на децата ја поддржуваат идејата нивното дете да биде вклучено во спортот, тие самите изгледаат оддалечени од оваа корисна навика.

И тука доаѓа ПРЕДИЗВИКОТ!

Како можеме да ги убедиме родителите/старателите да ги отфрлат нивните удобни седечки навики и да почнат да се раздвижуваат? Дали ова може некако да е поврзано со спортските активности на нивните деца? Всушност, дали сме сигурни дека вистинските придобивки на спортот се ограничени на оние поврзани со менталното и физичкото здравје? Или дали има простор да се добие уште повеќе и… во повеќе неистражени нивоа кои ги зближуваат семејствата?
Како одговор на овој предизвик, постои нов, иновативен и алтернативен концепт на спортување кој треба да ја револуционизира идејата на атлетизмот и да ги направи спортовите побезбедни и пристапни за семејствата како целина и може да се заклучи со 4 едноставни зборови:

Спортови насочени кон семејства

СНС ја одразува идејата за создавање на создавање на типови на вежби наменети за семејства, преку кои семејствата можат да вежбаат заедно, да се поврзат и да ја подигнат свеста за низа на работи преку спортот!