Поглавје 2
C. Приклупете се на (спортскиот) КЛУБ!
- Недоволно знаење и обука: Вообичаено, спортските активности се наменети за одредена целна група до одредена возраст: може да бидат деца, млади, возрасни или постари лица. Но што ќе се случи кога ќе се обидеме да комбинираме повеќе од нив, точно како што СНС прави (возрасни и деца)? Дали се вработените спремни да фасцилитираат вакви активности на квалитетен начин што не ја уништува самата суштина на спортот? Сосема е јасно дека повеќето вработени имаат одредено образование и дека ги имаат развиено своите вештини и капацитети за одреден спорт (или повеќе) и го стекнале своето искуство со справување со една возрасна група одеднаш. Сепак, сосема е разбирливо дека ова знаење и обука не е доволно за да ги поддржат специфичните и покомплицираните видови на спортски активности, како што е СНС. Како да го решиме ова?
Волшебниот лек – РАЗМЕНА НА ЗНАЕЊЕ: Како и во секој дел од животот, постои лек за вакви проблеми: споделување! Обидете се да ги искористите капацитетите, знаењата и искуствата во вашата мрежа, фокусирајќи се на спортските клубови и организации кои веќе имаат искуство со СНС активности и можат да ви споделат знаење и да ве поддржат во вашите први чекори. Можете и да барате можности за соработка, каде можат да го инвестираат нивното знаење и вие ќе присуствувате за да научите. Како и да е, не мора веднаш од стартот да бидете стопостотни, бидејќи попостепено воведување во полето на СНС активности е добро за да се обезбедат поквалитетни активности. Конечно, осигурајте се да добиете повратна информација од вашите учесници, направете самоевалуација и на крај, искористете ја оваа информација во иднината.
- Неадекватни ресурси: Сигурно СНС не е единственото поле каде фалат соодветни институции, опрема и финансиските ограничувања создаваат сериозни проблеми во функционирањето на спортските клубови и организации, а камо ли за овој случај со СНС, каде се е ново, плус потребна е дополнителна опрема, повеќе простор, подобро обучени вработени и поголеми финансиски средства за да се поддржат активностите со повеќе луѓе и (неизбежно) повеќе предизвици. И се поставува очекуваното прашање: како можат клубовите и организациите да ги исполнат овие експлицитни барања на СНС, бидејќи тие едвај издржуваат со нивните редовни спортски програми?
Волшебниот лек – ПРИЛАГОДЕТЕ СЕ: Добри вести! Решението е многу полесно од очекувано. П Р И Л А Г О Д У В А Њ Е ! Да! Не мора да почнувате се одново. Не треба да ги дуплираме трошоците, да работиме или да правиме други суштински промени. Веќе имате доволно и само треба да се прилагодите на новите околности и на потребите на вашата мешана група. Бидете креативни, користете ја вашата имагинација и на вашите учесници, бидете иновативни и мислете надвор од рамката. Планирајте ги вашите активности однапред и користете ги ресурсите што ги имате на најдобар можен начин. Не се работи за пари; се работи за флексибилноста и бујната имагинација! Сепак, вие не сте сами во ова! Постојат одредени ресурси кои можете да ги искористите за да ве поддржат финансиски во вашата СНС реформа како:
- локални спонзори– за среќа, важноста на спортот и неговите придобивки се генерално признати од сите, вклучувајќи ги и засегнатите страни, кои често се подготвени да инвестираат во иновативни иницијативи кои ќе ја поддржат и помогнат на локалната заедница. Ова може да биде вашата општина, спортска федерација, локален спортски сојуз, итн. Не се мислете и пристапете им, претставете им ја вашата идеја и очекуваните резултати за заедницата и убедете ги да ви се придружат на ова патување и да направат промена!
- колективно финансирање – вашата моќ се вашите луѓе! Подобрете го вашиот јавен профил со споделување на вашата идеја и објаснување на јавноста ЗОШТО оваа иницијатива е важна за вас и вашата целна група. Најголемите работи во животот се случуваат кога едноставни поединци ќе се здружат и зошто ова да не се случи за вашиот СНС план? Организирајте настан за да соберете поддршка, започнете онлајн иницијатица за колективно финансирање и остварете го овој сон со тоа што ќе дозволите вашата заедница да ве поддржи!
- ЕУ проекти – ЕУ е голем поддржувач на иновативни и добри иницијативи и вашата СНС трансформација дефинитивно може да биде една од нив! Барајте можности за финансирање од ЕУ, развијте свој мал или голем проект и остварете го!
- Методологии: Да се согласиме дека најдовте начин да ги решите претходните два предизвици: добивте знаење и најдовте ресурси кои ви се потребни за да ги започнете вашите СНС програми. Сега што? Како можете да ги надминете бариерите на конвенционалните спортски активности и да преминете на СНС активности? Како можете да ги направите интересни и атрактивни за вашите целни групи и како ќе ги вклучите во процесот? Дали постојат некои насоки или конкретни методологии, најдобри практики или одредени примери кои можете да ги користите во вашата работа?
Волшебниот лек – ОВА СМЕ НИЕ! Па вие сте на вистинското место во вистинското време бидејќи ТОКМУ ЗА ТОА Е ОВАА НАСТАВНА ПРОГРАМА! Веќе сте запознаени со некои од аспектите на СНС, добивте некои важни совети и сега сте целосно подготвени да одите подлабоко и да ја истражите оваа нова идеа подобро.
