Поглавје 2

B. Откријте го ДЕТЕТО кое го криете во себе!

За жал, несигурностите и стравовите не се привилегија за родителите/старателите. Децата се исто така луѓе и всушност се доста ранливи и зависат од карактерот и однесувањето на нивниот старател/родител. Следствено, идејата за соработка со нивните родители/старатели во спортски активности може да биде застрашувачка и да предизвика проблеми како:

  • Очекувања: Сите сме биле таму. Детството дефинитивно е одличен период од животот кога малолетниците се заштитени, поддржани и немаат големи обврски и задачи. Тие треба да се ги развиваат телото и умот, да си формираат ставови и да си го градат карактерот. Значи дали секогаш е лесно и безгрижно? Одговорот е не! Децата се често оптоварени со голем стрес и чувство на одговорност да ги постигнат очекувањата на нивните родители/старатели кои го следат нивниот раст, да покажат задоволителни, ако не и одлични резултати и да го добијат нивното одобрение. И имање на добар перформанс во спортот припаѓа токму во таа категорија и станува уште постресно не само кога родителот/старателот  е присутен туку кога и е вклучен во активноста. Каков кошмар во умот на детето!

Волшебниот лекПОКАЖЕТЕ ПОДДРШКА: Време е да се смени фокусната точка и да се оттргнат негативните чувства или стравови. Важно е да се промовира дека заедничката спортска активност е да се постигне взаемна поддршка помеѓу децата и нивните родители/старатели, за да разберат дека било кој резултат е постигнат со нивен заеднички напор и единственото очекување треба да го имаат е да уживаат во заедничкото време, да ја зајакнат нивната врска и да ги ценат придобивките на спортот во нивното физичко и ментално здравје. Прифаќање, разбирање и почит треба да бидат нивните водилки и дека нема простор за разочарување и неуспех!

 

Прекумернa интервенција: Знаеме колку сакаат родителите/старателите да командуваат, кој го нема искусено тоа како дете? Сега замислете го ова пренесено во безбедна околина како што се спортските активности, особено каде родителите/старателите имаат скоро еднаква улога како и децата и се повикани да соработуваат во истиот тим или за истата цел. Бидејќи се авторитетни личности, родителите/старателите обично забораваат да постават граници во нивното однесување и често го игнорираат изборот на нивното дете, однесувајќи се осудувачки и заштитнички. Тие не си ги чуваат своите мислења во себе и дури понекогаш се обидуваат да ги наметнат на послабата страна – детето. Овој притисок неизбежно предизвикува дополнителен стрес на детето кое на крајот страда наместо да ужива во своето време.

Волшебниот лекПОСТАВЕТЕ ГРАНИЦИ: Овде доаѓа вистинската авторитетна личност во играта, односно тренерот или било која друга спортска личност која е задолжена за активноста. Од таа личност се очекува да ги објасни улогите на сите вклучени, да одржува одредена рамнотежа меѓу нив и да се погрижат дека има безбедна, слободна и непречна забавна средина за сите. Со почит и внимание, тие не само што треба да се спротистават на било каков вид на притисок кој би предизвикал фрустрација кај детето (страв, анксиозност, притисок, незадоволство), туку и треба да ги спречат овие случаи во најголема можна мера.

 

  • Рефлексија на однесување: Ние сме израснати со идејата дека како деца, ние сме одраз на нашите родители/старатели, нивна рефлексија во огледалото. Оваа идеја може да не оптовари со анксиозност (или дури и вина) кога нашите родители/старатели се однесуваат на одреден начин кој не е пријатен. И тоа МОЖЕ да биде проблем кога се работи за СНС. Навикнати на авторитет и моќ, соработување со нивните деца на релаксиран и неформален начин за време на некоја спортска активност, како и натпреварувајќи се со вистинската авторитетна личност (главно тренерот или слично), родителите/старателите можат да се однесуваат осудувачки кон останатите: децата, тренерите, другите родители/старатели, итн. Како треба да реагира детето? Дали треба да ги поддржи своите родители/старатели  (кои се нивните заштитници, негуватели, извор на љубов и зависност)? Или дали треба да им се спротистават? Што навистина очекуваме од нив? Како можеме да ги ослободиме од оваа анксиозност?

Волшебниот лекРАЗДВОЈТЕ ГИ ПОЕДИНЦИТЕ: Уште еднаш, оваа работа е во рацете на одговорната личност. Клучно е да се реши оваа ситуација на начин кој ќе го увери детето дека нема да има последици против него поради туѓите постапки и дека однесувањето на тренерот спрема детето нема негативно да зависи од грешките на родителот/старателот. Средете ја ситуацијата со родителот/старателот, поставете граници во тимот и продолжете ја активноста со сите, особено со вклученото дете, како ништо да не се случило. Ова сигурно ќе биде добра и корисна лекција за двете страни: возрасните и децата!