Поглавје 2

Животот е предизвик…ајде да се справиме со него!

Сосема е човечки, разбирливо и прифатливо дека било која неконвенционална или чудна идеја носи предизвици, тешкотии и пречки – не само буквално, но и метафорички. И СНС дефинитивно не е исклучок, особено кога се работи за луѓе! Стравови, двоумење и дури анксиозност може да биде негативна причина да не се учествува во вакви активности, додека пак практичноста не го олеснува тоа. Но кој вели дека ништо не може да се надмине? Ајде да погледнеме.

 

A. Спуштете го Вашиот гард пониско!

Понекогаш родителите/старателите ги гледаме како суперхерои и често забораваме дека тие имаат право да имаат слаби точки и несигурности. И спортското поле дефинитивно може да најдоброто место да излезат тие мали слабости. Значи, кога родителите/старателите (родителите, роднините, пријателите, негувателите или било кој старател на дете) се повикани да се приклучат на некоја активност со нивните деца, сосема е можно дека тие треба да се справат со одредени пречки:

  • Недоволна мотивација: колку повеќе стануваме повозрасни, толку повеќе се одалечуваме од било каква физичка активност. Понекогаш ова е свесна одлука, но почесто е поради темпото на секојдневниот живот, обемот на работа и огромниот број на одговорности и задачи кои тие треба да ги завршат за да преживеат и да ги издржуваат нивните семејства. Ова постепено отстранување од активниот начин на живот веднаш остава многу простор за нови животни навики кои изгледаат доста удобни после тежок ден на работа. Ве потсетува на нешто? Па, седечкиот живот станува најдобриот другар на возрасните и било каков вид на вежбање – особено вистинските спортски активности стануваат минато.

Волжебниот лек ПРОМОВИРАЈТЕ ГИ ПРИДОБИВКИТЕ:Лекот овде е еден и лесен – ПАМТЕЊЕ! Потсетете ги на радостите и среќата, зголемената самодоверба и чувството на задоволство, позитивните ефекти од да се биде во тим, одржувањето на здраво тело, и… зашто да не? Некои нивоа на физичка трансформација! На крајот на денот, кој не би сакал да се чувствува помладо, енергично и среќно во исто време?

 

  • Физичка состојба: да се согласиме дека некако ја надминавме претходната пречка и го донесеме родителот/старателот на детето да биде вклучен во некоја спортска активност или вежба. Дали би можеле да ја направат? Логички, добрите навики не се единствените кои ги напуштаме кога ќе ги оставиме зад нас, туку и издржливоста и дури основните спортски вештини. Нашето тело заборава како да биде фит и е прилично незгодно, нашите мускули стануваат вкочанети и лесно се задишуваме. И се разбира, никој не се чувствува добро и безбедно во овој случај. Стравот од повреда или долга и сложена рехабилитација преовладува и создава дополнителни причини да се одбегнат ваквите активности.

Волшебниот лек ОБЕЗБЕДЕТЕ БЕЗБЕДНА ВЕЖБА:  Почекајте малку! Кој рече дека треба да ги претвориме неподвижните луѓе во Олимписки ѕвезди во еден ден? Следејќи ги упатствата на соодветно образованите и искусни тренери или обучувачи, добри загревања и истегнување после вежбање, и постепеното зголемување на интензитетот на вежбањето ќе обезбеди враќање на добрата физичка состојба во непречен и безбеден процес, додека редовното вежбање и упорноста ќе не доближат до нашата стара физичка состојба!

  • Страв од неуспех: Без сомнение, сѐ би било многу полесно ако беше само физички. Нашето тело не е единственото нешто кое не тера да престанеме или да паузираме. Тоа е нашиот внатрешен глас, мало ѓаволче кое се шета во нашиот ум, ни кажува дека неуспехот е опција. Што ако не успееме? Што ако не сме доволно добри? Што ако другите се подобри од нас? Што ако сме изложени на очите на нашите деца? Но искрено… што ако нашето его е повредено?

Волшебниот лекРАЗОТКРИЈТЕ ГО СПОРТОТ: Одземете малку време да вдишите и да размислите.. дали е се во победувањето? Дали да се биде најдобар во групата е целта? И што навистина значи да се спортува? Не, не е паѓање на теренот и натпреварување за награда. Ниту е победата, првото место или високите перформанси. Спортовите не значи победа како и да е! Тоа е радоста, забавата, правењето на нешто позитивно за нас, станување на подобри луѓе, уживање во тимот!

  • Социјална анксиозност: Оваа внатрешна борба не запира кај нас. Се работи и за другите. Двоумењето може да има многу причини и стравот да се разоткриеме самите секогаш има клучна улога во нашите одлуки. Како нѐ гледаат другите, како ни ги осудуваат нашите одлуки, како ни ги критикуваат нашите перформанси и нашето однесување, понекогаш не дефинира кои сме, што одбираме и како ги градиме нашите животи. Во нашиот спортски случај, нашиот најблизок круг на луѓе е нашата „најзагрижувачка“ публика: други возрасни во тимот, тренерите, гледачите, дури нашите деца – многу реалистична слика на општеството и реалната средина. И овој социјален притисок може да ни пречи во патот до среќа и здравје.

Волшебниот лекПОДОБРЕТЕ ГО ТИМСКИОТ ДУХ: Стоп! Завртете се и сменете си ја фокусната точка! Да, стравот и двоумењето секогаш се таму и ние ќе ги прифатиме како дел од нас. Никогаш не треба да се удавиме во нив! Да не го заборавиме најважниот клучен збор од претходниот параграф: ТИМ! Тим: група на луѓе кои извршуваат меѓусебно зависни задачи за да остварат заедничка цел или специфична задача. Тим значи почит, искреност, соработка, отчетност, взаемна поддршка, разбирање и отвореност; тим значи да се биде заедно и да се има однос на доверба и вклученост, чувство на безбедност и удобност. Тим е токму она што нѐ научија тројцата мускетари: сите за еден и еден за сите!

  • Практични пречки: Се разбира, несигурностите и телесните предизвици не се секогаш единствениот проблем. Практичните проблеми од секојдневниот хаотичен и стресен живот, како и реалистичните проблеми на секое семејство ни го отежнуваат нашето враќање. Секоја активност која не е поврзана со нашето домаќинство или работа може да се смета како одземање на време. А кој има луксуз да искористи дополнително време во нашиот и онака хаотичен распоред? И дури ако некој може, дали живееме во време каде додавање на дополнителни трошоци на нашиот семеен буџет е можно?

Волшебниот лек БИДЕТЕ ПРАКТИЧНИ: Да, ова можат да бидат вистински потешкотии, но не до тоа ниво што не можат да се надминат. Носењето на децата да спортуваат ни дава одлична можност да го искористиме ова време за себеси! Вежбајте со нив наместо да пиете кафе и да ви биде здодевно! Приклучете се на програмите кои нудат дополнителни попусти за заеднички активности на родителите/родителите/старателите те и деца – ова е момент да го вложите вашето драгоцено време и пари!