Поглавје 3

2. Надворешна комуникација: како да привлечете и вклучите

За да стигнете до точката да барате внатрешен комуникациски стил, вие треба прво да ги привлечете и вклучите вашите целни групи за да изградите СНС тим! Да, тоа е сосема нов концепт. Да, има доста предизвици како што е опишано во претходните поглавја во овој водич. И да, не е секогаш лесно. Но како можете да изградите ефикасна надворешна комуникациска стратегија за да ја поддржите вашата цел? Ајде да дознаеме неколку совети!

 

(a) Повикајте ја вашата целна група

За почеток, и доста е логично зашто, треба да започнеме со она што веќе го имаме! Како спортски клуб или организација, вие веќе имате одреден број на млади спортисти, деца кои ги посетуваат вашите спортски академии и родителите/старателите кои редовно ги носат до нив за нивниот тренинг.
Па, добрите вести се дека вашите кандидати се веќе таму! Ги имате таму, ги носат нивните деца, ги земаат од тренинг и најчесто од времето, ги гледаат како тренираат од страна или се околу кантината. Ете ви! Привлечете ги со можност да поминат квалитетно и забавно време со нивните деца наместо да ги чекаат во досада!

(b) Користете ја вашата мрежа

Се сеќавате што зборевме за вмрежување? Па, време е да ги искористите вашите врски и да стапите во контакт со другите спортски клубови и организации за да ви се придружат и заедно да работите во некои СНС иницијативи. Логично е ако овој концепт ви е претставен за прв пат, вашите целни групи можеби ќе се колебат и, барем на почетокот, недоволен број на луѓе ќе сакаат да се приклучат! Многу лесно решение за ова да работи е да работите со други клубови во вашата заедница, да ги споите вашите „човечки ресурси“ и успешно да воведете некои СНС активности како прв чекор. После тоа,…дозволете пренесената информација уста на уста да направи магија!

(c) Пилот активности

Како што споменавме претходно, сосема е разбирливо и очекувано ако вашите целни групи се двоумат и дури во некои случаи, не сакаат да бидат вклучени. Меѓутоа, во повеќето случаи ова не значи незаинтересираност или одбивање на учество, тоа е страв кој ги оддалечува (сетете се за она што го кажавме претходно за предизвиците на децата и родителите/старателите). Сепак, докажано е дека поголема е веројатноста луѓето да се придружат ако прво видат како другите го пробуваат тоа и, во најмала рака, преживуваат! Во нашиот случај, дефинитивно нема да бида за преживување, но за забава, задоволство и позитивна промена! Значи, тајната е да се воведат неколку кратки пилот активности и да ги повикате вашите потенцијални СНС тимски членови да присуствуваат на вашите настани како гледачи за да ги видат придобивките со свои очи и да имаат можност да разговараат и да разменат мислења со постоечкиот тим.

(d) Социјални мрежи

Нема потреба да се каже како работи модерниот живот, ниту да ја објасниме важноста на социјалните мрежи и дигиталниот свет. Затоа, очигледно е дека добро дизајнирана комуницаска стратегија за промовирање на вашите СНС иницијативи и ширење на резултатите од вашите пилот активности дефинитивно ќе привлече нови членови. Развијте кампања на социјалните мрежи која ќе го одразува профилот на вашиот спортски клуб или организација, посветете внимание на специфичните потреби на вашите целни групи, објаснете ги придобивките на СНС и повикајте луѓе да го испробаат ова нова искуство во безбедна и инклузивна средина. Дури и ваква кампања да не е доволна сама по себе, сигурно ќе ја прошири веста и ќе ја заинтригира љубопитноста и интересот на вашите целни групи. На крајот на денот, целта е да ги донесете до теренот (дури и само да гледаат) и вие можете да превземете од таму!

 

(e) Искористете ги вашите објекти

Без разлика колку е технолошки напреден нашиот свет во денешно време, традиционалните начини на ширење на порака секогаш ќе преовладуваат. Не мора да претерате – веќе го имате просторот и публика да ја пренесете вашата порака. Започнете со правење на постери за да го претставите концептот на СНС и иницијативите на вашиот клуб за да го вклучите во вашите редовни програми и повикајте ги родителите/старателите да се вклучат. Користете ги вашите објекти за да ги закачите овие постери на нив, и повторно, да го искористите слободното време на родителите/старателите кои ги чекаат нивните деца да завршат со тренинг. Најважно е да им го привлечете вниманието и останатото ќе следи! Во исто време, можете да испринтате флаери кои ќе им ги поделите на вашите млади спортисти и тие дефинитивно ќе им ги дадат на нивните родители/старатели и ете! Пораката се пренесува! И последно, можете да организирате информативни сесии со родителите/старателите или да ги вклучите во средба после игра или состанок за напредокот на нивните деца.