Поглавје 3
B. Справување со конфликт
Понекогаш, без разлика колку се обидуваме да спречиме незгодни ситуации и да дејствуваме проактивно; конфликтот не може да се избегне. Во СНС, ова може да се случи во повеќе ситуации и да бидат вклучени една или повеќе целни групи. Може да се појави во една целна група (родител/старател со родител/старател, дете со дете), или помеѓу повеќе целни групи (родител/старател со дете, родител/старател со тимски лидер, дете со тимски лидер). Во овие прилики, вештини за справување со конфликт се потребни. „Справување со конфликт е процес на справување со спорови и несогласувања помеѓу две или повеќе страни. Целта на овој систем е да се минимизираат негативните фактори кои влијаат на конфликтот и да се поттикнат оние кои се вклучени да постигнат договор. Успешно справување со конфликт резултира со взаемно корисен исход со кој се согласуваат сите страни.“ Поедноставно, тоа е процесот на справување на несогласување со минимизирање на негативните и зголемување на позитивните аспекти, завршувајќи со ситуација каде сите се во добивка.
Пред да пробаме да се справиме со ваков случај, важно е да се одговорат три клучни прашања:
Пред да пробаме да се справиме со ваков случај, важно е да се одговорат три клучни прашања:
[1] https://minutemediation.com/
-
- Кој е менталитетот и индивидуалните карактеристики на луѓето вклучени во овој конфликт? Очигледно е дека секоја личност си има свој карактер и бара различен третман. Се разбира, не можеме да почнеме длабоко да ги психоанализираме сите поединци, но општ преглед на кои се тие е повеќе од доволно. Пред се, треба да ја имате во предвид возраста на личноста: дали се работи за возрасни или вклучени се и деца? И од која возраст? Која е врската помеѓу двете страни и колку добро се знаат меѓусебе? Дали е прв пат да се вплеткаат двете страни во ваква ситуација или ова се повторува? Сите овие одговори, и било кои други кои сметате дека се важни, ќе ви помогнат да пристапите ефикасно што ќе ви донесе посакувани резултати.
- Колку е чувствителен конфликтот? Се разбира, не секој проблем може да се реши на ист начин и вие, како тренери или обучувачи ја имате одговорноста да ја процените ситуацијата и да ја решите на најсоодветен и ефикасен начин. Некои конфликти може да се површински и да се појават поради напнатоста на играта, конкурентноста, мали недоразбирања или едноставно лошо расположение. Некои други пак, можат да имаат подлабоки причини и да бидат поврзани со чувствителни причини за кои е потребно понежен пристап. Особено оние кои влијаат на менталната состојба, личноста, здравствени проблеми, моралот и лични вредности, или други лични чувствителни причини. Во овој случај, треба да се погрижите двете страни да бидат заштитени и да се постапи со дискретност и почит. На пример, во првиот случај, конфликтот може да се реши пред другите и да служи како поука за другите или да биде основа за нови правила во тимот. Во вториот случај, можеби проблемот треба да се реши приватно или со помош од некој експерт.
- Кои се последиците на овој конфликт? Важно е да се биде добро подготвен и да се разбере што поточно може да се стави на коцка не само поради конфликтот, но и по неговото разрешување. Истражете ги потенцијалните ризици, преглед на сите позитивни и негативни последици, проценете ги однапред и пробајте да се осигурате дека начинот на кој ќе одберете да ја решите ситуацијата ќе ги има најдобрите резултати. Секогаш треба да имате во предвид дека конфликтот не е само за вклучените страни – може да влијае и на остатокот од тимот, да ја дебалансира тимската динамика или дури да ја разниша довербата и кохерентноста на вашата група. Подобро е да бидете подготвени и да имате план Б отколку да бидете изненадени со неочекувани и непријатни околности.