Поглавје 3
B. Справување со конфликт
Откако размисливте за овие аспекти и ги имате одговорите во џеб, сега сте стпремни да почнете да ја решавате суштината на конфликтот. Имајќи во предвид дека збориме за СНС околина која има за цел да забавува, едуцира, поврзува и општо кажано, позитивно да влијае врз учесниците, секогаш треба да се воздржите од груби, премногу строги или догматски решенија. Вие сте таму за да ја заштитите безбедноста и почитта кон вашиот тим, како и да се осигурате дека корисните цели на вашата СНС активност се недопрени. Ова е како да го направите тоа:
(a) Комуницирајте: да, претходно зборевме за ова, но еве го повторно! Отворена комуникација е клучна за секој спор. Организирајте состанок со двете страни и дајте им простор да го претстават нивниот аргумент на културен начин, со почит. Поттикнете разумен разговор и пробајте да поттиснете провоцирачки однесувања, особено кога улогата на една од страните е поверојатна да го направи тоа (пр. конфликт меѓу старател и дете) или карактерот на една од страните е посилен и подоминантен од другата. Како посредник, вие треба да покажете смиреност и цврстина и во секој случај да останете објективни и непристрасни. Бидете трпеливи додека двете страни ги претставуваат своите гледишта, поканете ги да ја објаснат нивната перспектива и обидете се да се одделите од конфликтот и да имате позитивен и мирен став.
(b) Активно слушање: слушање е едно, сослушување е друго, и активно слушање е сосема различно! Тоа вклучува нудење на простор на говорникот да се изрази на свој начин, да се внимава на разговорот и да не се прекинува. Ова не треба да биде само вашето однесување кон двете страни, но и на двете страни меѓу себе. Повикајте ги да имаат конструктивен разговор и да одвојат малку време да го разберат она што го кажува спротивната страна. Вашата улога во оваа ситуација е да се обидете да го резимирате она што е кажано, да го повторите ако е потребно за сите да го разберат и да ја поддржите личноста ако тие имаат потешкотии да ги артикулираат своите аргументи (особено во конфликти меѓу родител/старател и дете). Во исто време, внимавајте на нивниот говор на телото и гледајте „знаци“ кои би ви помогнале да ги испланирате вашите следни чекори.
(c) Прегледајте ги опциите: може да постојат повеќе решенија за секој конфликт и вие како посредник треба да бидете флексибилни. Повикајте ги страните да бидат вклучени во процесот на изнаоѓање на најдоброто решение за нивниот конфликт и вклучете ги во процесот на давање и разменување на идеи. Ова ќе помогне не само да се намали тензијата и да ги врати во стилот на тимски дух, но и да се постигне решение кое ќе биде задоволително за двете страни. Започнете дискусија за опциите кои можат да се применат во оваа ситуација и барајте нешто кое би било корисно за сите. Оваа индиректна соработка повторно ќе го изгради тимскиот дух и ќе доведе до побрзо, искрено решавање на конфликтот.
(d) Победничко решение: било каква казна или санкција е надвор од концептот на СНС и било која средина на неформално образование. Целта е да се реши конфликтот на мирен начин и да се обезбеди дека сите страни ќе се согласат дека тоа е фер решение за нивниот проблем. Нема потреба да има „победник“ и „губитник“, ниту ова е порака која треба да ја пратите на вашиот тим. Се разбира, во некои случаи, може да има жртва и престапник, но тоа не значи дека вториот треба да биде каменуван! Поттикнете извинување ако е потребно бидејќи извинувањето, прифаќањето и простувањето е тројната катарза која носи мир и на жртвата и на сторителот. Додадете хумор откако ќе се реши конфликтот за да се олесни работата и да им дадете чувство дека сѐ е во ред на тимот, проблемот е решен и ова било позитивна поука за целиот тим со среќен крај. За крај, не заборавајте да внимавате на вклучените страни по конфликтот во случај на идни инциденти или повторување на однесувањето.